Свет
Скоро 100.000 луѓе ја напуштија Либија

NULL
Високиот комесаријат на ОН за бегалци денеска соопшти дека скоро 100.000 луѓе, претежно египетски и туниски работници, ја напуштиле Либија од почетокот на немирите.„Екипите на Високиот комесаријат работат со туниските и египетските власти и невладини организации да им помогнат на скоро 100.000 луѓе кои минатата недела ја напуштија Либија“, се наведува во соопштението.Црвената полумесечина денеска соопшти дека повеќе од 40.000 луѓе во текот на неделата ја напуштиле Либија и додаде дека вчера таа земја ја напуштиле повеќе од 10.000 луѓе, претежно Египќани, оценувајќи дека е во тек хуманитарна криза./крај/бета/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Американците протестираа против Трамп во сите 50 држави

Илјадници демонстранти вчера протестираа во сите 50 сојузни држави на САД против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, поради, како што велат, прекумерната извршна власт, контроверзната имиграциска политика и економската нестабилност, пренесе Би-би-си.
Протестите беа дел од децентрализирана иницијатива наречена „50501“, која потекнува од социјалната мрежа Reddit, а нивното одржување беше симболично закажано за 5 април – ден кој се совпаѓа со 250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна.
Организаторите повикаа на „ден на акција“ наместо класични демонстрации, со акцент на заемна помош, солидарност и ненасилен отпор. Во рамки на протестите, учесниците организираа акции за чистење населби, собирање храна и хигиенски производи за донации.
Во Вашингтон, илјадници граѓани се собраа на Националната алеја со барање за враќање на Килмар Абрего Гарсија, кој неодамна беше депортиран во Ел Салвадор. Тамошниот протест се спои со штрајкот на вработените во Бирото за заштита на потрошувачите, чии редови биле скратени за 90 отсто. Критики беа упатени и кон Илон Маск и неговата служба ДОГЕ.
Паралелно, пред Белата куќа и резиденцијата на потпретседателот Џеј Ди Венс се одржаа дополнителни собири со слични барања.
И покрај контрапротести и неколку апсења поради наводни напади врз полицијата, протестите поминаа претежно мирно. Масовни демонстрации беа одржани и во Њујорк, Лос Анџелес и уште неколку големи американски градови.
Свет
За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во објава на социјалните мрежи оцени дека станува збор за нова манипулација на Путин, но не открива дали примирјето е прифатливо за Киев.
– Што се однесува до новиот обид на Путин да манипулира со човечките животи – сирените за воздушен напад моментално се огласуваат во многу делови на Украина. Во 17 часот и 15 минути на нашето небо беа откриени руски беспилотни летала. Украинската воздушна одбрана и воздушните сили веќе почнаа да дејствуваат за да не заштитат. Присуството на дронови Шахед во нашиот воздушен простор јасно го открива вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечките животи, напиша Зеленски на платформата Х.
Зеленски во објавата не дава никави назнаки дали и Украина ќе го прекине огнот за Велигден.
Рускиот претседател Владимир Путин попладнево објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции.
– Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот [по московско време] до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период, објави Путин на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов.
Свет
Путин објави велигденско примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции, соопшти Кремљ.
– Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот [по московско време] до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период, објавил Путин на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов.
Путин истакнал дека руските војници, сепак, мора да бидат подготвени за можни прекршувања на примирјето од страна на Киев. Мора да бидат подготвени да одбијат секаква провокација на непријателот, секоја негова агресивна акција, нагласил рускиот претседател.
Москва очекува украинската страна да го следи нивниот пример. Киев сè уште официјално не го коментираше прогласеното примирје.