Свет
Египет: Демонстрантите упаднаа во зградата за државна безбедност
Неколку лица се повредени во Египет кога повеќе стотини демонстранти упаднаа во зградата на службата за државна безбедност во Александрија.
Неколку лица се повредени во Египет кога повеќе стотини демонстранти упаднаа во зградата на службата за државна безбедност во Александрија.
Египетската служба за државна безбедност се смета за одговорна за најголемите кршења на човековите права за време на владеењето на претседателот Хосни Мубарак.
Полицајците во зградата пукале на демонстрантите, а според зборовите на еден од медицинските работници и еден демонстрант, повредени се три лица, јавува АП.
Би Би Си јавува дека демонстрантите во зградата упаднале поради наводите дека во неа се уништува важна документација, дека се судриле со полицијата, а дека судирите престанале кога на лице место дошле припадниците на војската и ја презеле контролата над зградата.
Една помала група демонстранти тргнала кон зградата на државната безбедност во Каиро, но припадниците на војската ги спречиле да се приближат.
Египетската војска, која ја презела контролата во земјата по паѓањето на Мубарак од власт на 11 февруари, презема чекори, пред воспоставувањето на цивилните власти, да се исполнат барањата на демонстрантите, меѓу кои и барањето да се расформира службата за безбедност./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

