Свет
Најмалку шест убиени во Ирак во воен конвој на САД
Најмалку шест луѓе загинале, а 12 се повредени во експлозија на бомба во неделата наутро во градот Басра во јужниот дел на Ирак а цел на терористите бил конвој на американската армија кој минувал низ градот, јави Reuters повикувајќи се на локалните власти
Експлозивната направа била актвирана во близина на автобус полн со цивили, кои всушност жртвите на нападот. Меѓу загинатите и преживеаните има жени и деца, изјавил началникот на одделот за безбедност на градот, Али ал-Малики. Тој не прецизирал дали има жртви меѓу американските војници. Градот Басра, кој се наоѓа во 550 километри јужно од главнито ирачки град Багдад, е центар на најголемиот регион за производство на нафта во земјата. Безбедносната ситуација во градот е релативно мирна.Минатиот месец, ирачките градови, вклучувајќи ја и Басра, ги заплисна бран демонстрации на луѓето незадоволни од политика на локалните власти. Гувернерот на Басра во одговор на барањата на демонстрантите соопшти дека ќе поденесе оставка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

