Свет
Расмунсен: Нападите во Либија можни злосторства против човештвото
Нападите врз цивилите во Либија би можеле да се сметаат како злосторство против човештвото и доколку продолжат меѓународната заедница и Обединетите нации не смеат да бидат пасивни, изјави генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмунсен.
Нападите врз цивилите во Либија би можеле да се сметаат како злосторство против човештвото и доколку продолжат меѓународната заедница и Обединетите нации не смеат да бидат пасивни, изјави генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмунсен. „Силно ја осудуваме употребата на сила против либискиот народ. Кршењето на човековите права и меѓународното хуманитарни право е скандалозно“, изјави на прес конференцијата во Брисел, Расмунсен. Тој потсети, реагирајќи на употребата на оклопни возила и авиони против либиската опозиција, дека според наводите на Советот за безбедност на Обединетите нации општи и систематски напади против цивили можат да се сметаат за злосторство против човештвото.„Доколку Гадафи и неговите војници продолжат да ги напаѓаат жителите на Либија на систематски начин, не можам да замислам меѓународната заедница и Обединетите нации да останат пасивни“. Расмунсен повтори дека НАТО нема намера да интервенира без мандат на Обединетите нации. Генералниот секретар на НАТО рече дека Либија ќе биде една од главните теми на состанокот на министрите на алијансата, кој во четврток или петок ќе се одржи во Брисел. „На состанокот ќе се разгледува и можноста како НАТО може да им помогне на своите партнери во северна Африка и на Блискиот исток во процесот на транзиција кон демократијата, секако доколку тоа тие го сакаат.“На состанокот на министрите за одбрана на НАТО ќе присуствува и шефицата на дипломатијата на Европската унија, Кетрин Ештон. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

