Свет
„Unicredit“ подготвена да го замрзне правото на глас на либиските акционери

Италијанската „Unicredit“, банка, која е најголемата кредитна институција во Европа, е подготвени да го замрзне правото на глас на либиските акционери по одлуката на ЕУ да воведе дополнителни финансиски санкции против режимот на Моамер ел-Гадафи
Италијанската „Unicredit“, банка, која е најголемата кредитна институција во Европа, е подготвени да го замрзне правото на глас на либиските акционери по одлуката на ЕУ да воведе дополнителни финансиски санкции против режимот на Моамер ел-Гадафи, изјави за медиумите денеска претставник на банката. Акционери на „Unicredit“ се Централната банка на Либија (4,98) и либискиот суверен фонд Libyan Investment Authority – LIA (2,59 отсто), чија актива меѓународните експерти ја проценуваат на 40 милијарди долари. Вкупната берзанска цена на либиските средства во „Unicredit“ изнесуваат околу 2,59 милијарди евра. Член на Управниот одбор и заменик-претседател на „Unicredit“, е Фарахт Бандагара, директор на Либиската централна банка и член на раководството на LIA. Според италијанските медиуми, откако кон средината на февруари во Либија избувнаа масовни протести против режимот на полковникот Моамер ел-Гадафи, извесно време меѓу раководството на „Unicredit“ и либиските акционери немало никаков контакт. Но, сепак, тие контактирале минатата седмица. Според информациите од дипломатски извори, денеска претставници на земјите од ЕУ се согласиле да воведат дополнителни финансиски санкции против Либија, што треба да претпоставува замрзнување на средствата на Централната банка на Либија и фондот LIA. Во петок овој договор мора да биде одобрен од владите на 27-те земји членки на ЕУ. „Unicredit“ која е една од најголемите банки во светот, работи во 22 земји и опслужува повеќе од 40 милиони коминтенти. Неговите главни интереси се концентрирани во Италија, Австрија, Германија и во државите од источна Европа./крај/анса/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, но премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, повикувајќи се на локалните служби, објави дека земјотресот бил со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот се случил рано наутро по локално време, во 02:27 часот.
Епицентарот на земјотресот бил на 294 километри источно од Тауранга и 181 километар североисточно од Гизборн. Тоа е локација во Тихиот океан, североисточно од Северниот остров.
Издадено е предупредување за цунами. Сè уште не е познато дали има жртви.
Граѓаните се предупредуваат да ги следат вестите со цел навремено да знаат нови информации и да ги слушаат препораките на локалната цивилна заштита. Исто така, граѓаните се повикуваат да не се приближуваат до морскиот брег.
Европа
Во Словачка кавги во владејачката коалиција околу руската вакцина

Кавги во владејачката коалиција во Словачка откако премиерот Игор Матовиќ ги заобиколи коалициските партнери и испрати авион по руската вакцина против Ковид-19, пренесуваат медиумите во оваа земја.
Според нив, владејачката коалиција честопати се судира во пристапот за сузбивање со пандемијата од Ковид-19, а Матовиќ, како што пишуваат, ја донел одлуката и покрај барањата од коалициските партнери да не ја користат руската вакцина сè додека не биде одобрена од Европската агенција за лекови.
Словачка е втора земја членка на Европската Унија, по Унгарија, што ја купува руската вакцина „спутник В“.
Политичкиот партнер во коалицијата, партијата „За народот“, вчера се закани дека ќе ја напушти владата поради ова прашање, додека, пак, партијата „Слобода и солидарност “ повика на преструктуирање на кабинетот формиран по изборите пред една година, пренесуваат агенциите во Словачка.
„За време на викендот, воен авион беше испратен во Москва да донесе 200.000 дози од вакцината ‘спутник В’, прва пратка од вкупно два милиона“, рече Матовиќ.
Тој својата одлука за купување на руската вакцина ја бранеше и преку социјалните мрежи.
„Нашите партнери го користеа ‘спутник В’ како најтешкото оружје за да ја растурат сопствената влада“, рече тој.
Министерот за надворешни работи Иван Корчок изјави дека набавката на руската вакцина ја доведува во прашање позицијата на земјата на меѓународната сцена.
Свет
Кина одобри три традиционални рецептури за лекување Ковид-19

Кина одобри продажба на три традиционални кинески лекови за помош во лекувањето на Ковид-19, објави вчера Националната агенција за лекови.
Одобрените билни производи доаѓаат во форма на гранули и потекнуваат од древни кинески рецепти, се вели во соопштението на агенцијата, кои додаваат дека подготовките биле надгледувани од многу академици и експерти.
Станува збор за три вида капсули – гранули за чистење и детоксикација на белите дробови, гранули за одвлажнување и детоксикација на белите дробови и гранули за дифузија и детоксикација на белите дробови.
Според кинеското Министерство за наука, десетици илјади пациенти заразени од Ковид-19 ги примиле овие лекови од растително потекло во Кина минатата година заедно со водечките антивирусни лекови, пренесуваат светските агенции.
„За време на клиничките испитувања кај 102 пациенти во Вухан со лесни симптоми на коронавирус е откриено дека лицата што примиле комбиниран третман на лекови покажале 33 % побрзо закрепнување во споредба со пациентите што примиле само западни лекови“, истакнуваат од Националната управа за традиционална кинеска медицина.
Кинеските власти ја пофалија ефикасноста на традиционалните лекови како помош во ублажување на симптомите на Ковид-19. Во јануари годинава полициските службеници добија до 60.000 дози од традиционалните лекови за да се заштитат од инфекција со коронавирус.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер