Свет
САД активно и помага на Русија да влезе во СТО
САД активно и помага на Русија да влезе во Светската трговска организација (СТО) во 2011 година, истакна првиот вице-премиер на Русија Игор Шувалов на тркалезната маса со американскиот потпретседател Џо Бајден и со руски бизнисмени во Сколково крај Москва
САД активно и помага на Русија да влезе во Светската трговска организација (СТО) во 2011 година, истакна првиот вице-премиер на Русија Игор Шувалов на тркалезната маса со американскиот потпретседател Џо Бајден и со руски бизнисмени во Сколково крај Москва„Најбитното нешто е тоа што годинава заеднички работиме на проектот за вез на Русија во СТО“, вели Шувалов. Русија е единствената голема економија која е надвор од СТО. Европската унија ја поддржа кандидатурата на Русија за влез во организацијата во декември минатата година, откако Русија се согласи да ги намали извозните давачки за дрвената граѓа и да ги изедначи шпедитерските тарифи. Претходно, првиот грузиски парламентарец Георги Церетели изјави Грузија, која е главен противник на влезот на Русија во СТО, е со став дека ќе го спречи тој процес и по цена на сопствените интереси. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

