Свет
Нов силен земјотрес во Јапонија

Нов силен афтер-шок со магнитуда од 6,6 степени по Рихтер се случи во саботата наутро (по локално време) во јапонската префектура Ниигата, јави новинската агенција Kyodo повикувајќи се на националната метеоролошка агенција.
Засега нема предупредување за опасност од цунами. Според агенцијата, реактор во нуклеарната централа Кашивазаки-Карива што се наоѓа во префектурата Ниигата, продолжува со работа.Подземниот удар бил регистриран во 03.59 часот по локално време (19.59 часот по македонско време). Исто така, засега нема информации за нови жртви или исчезнати.Силни земјотреси се регистрирани истовремено и во префектурата Нагано во централниот дел на Јапонија. Потреси со интензитет од 6-плус на јапонската сеизмичка скала од 0 до 7 биле регистрирани во северно Нагано околу 03:59 по локално време. Според истата информација на телевизијата NHK, земјотресот во префектурата Ниигата бил со интензитет од 6-минус.Јапонската метеоролошка агенција проценува дека земјотресот имал јачина од 6,6, по Рихтер со фокус на длабочина од 10 километри во регионот Чуетцу на префектурата Ниигата. Во соопштението на јапонските метеоролози се додава дека не е јасно дали овој земјотрес е поврзан со големиот земјотрес што ја потресе североисточна Јапонија утринава.Во катастрофалниот земјотрес од 8,9 степени што го погоди североисточниот дел од Јапонија во петокот наутро по македонско време, засега се оперира со бројка од неколку стотици загинати, но во јапонските медиуми се споменуваат и бројка поголема од илјада загинати и 80 илјади исчезнати. Земјотресот кој се случи во 14:46 по локално време имаше епицентар во близината на Пацифичкиот брег на јапонската префектура Мијаги, а фокусот на подземниот удар бил на длабочина од 24 километри на длабочина од. Подоцна во текот на денот во интервал од 40 минути во областа на Мијаги биле регистрирани серија земјотреси од кои четири со интензитет од 7, што е максималното ниво на јапонската скала на јачина на земјотресите од 0 до 7. Силните потреси биле почувствувани на стотици километри оддалеченост, вклучително и во Токио, на повеќе од 373 километри оддалечен од епицентарот. Епицентарот на еден од нив беше само на 67 километри од Токио. Големината на најсилниот афтершок изнесуваше 7,1 степенНеколку потреси со магнитуда од 7 се случија и надвор од пацифичкото крајбрежје. Според теливизјата NHK, последните официјални извештаи говорат за потврдена смрт на 350 лица, а околу 550 луѓе и натаму се водат за исчезнати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.