Контакт

Свет

Најмалку 37 убиени во северен Авганистан

Објавено пред

Најмалку 37 лица загинаа во понедленикот во самоубиствен напад врз регрутен центар на авганистанската војска во северниот дел од земјата, што е трет голем напад во оваа област за помалку од еден месец, соопштила локалните власти

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува Reuters, веднаш по нападот самопрогласениот портпарол на талибаните во Авганиста, Забиула Муџахид ја презема одговроноста за овој напад зивршен од милитантната исламистичка група. Како што соопштија локалните власти, бројката ранети изнесува неколку десетици лица. Очевидец за агенцијата изјавил дека слушнал пукотници во областа по нападот, но замени-гувернерот на провинцијата Кундуз, Хамдула Даниши изјавил дека сите жртви се предизвикани од страна на еден бомбаш-самоубиец. „Меѓу жртвите се нови регрути, војници и цивили“, изјавил Даниши за Reuters.  Напаѓачот пеш им пристапил на регрутите кои стоеле во ред пред центарот и се кренал во воздух, изјави заменик гувернерот на провинцијата, Кундуз, Хамдулах Даниш, каде се случила трагедијата. Во експлозијата се повредени најмалку 42 луѓе. Медицински извори од Кундуз потврдиле дека во градската болница биле донесени 33 тела. Според истите извори меѓу повредените има најмалку четири деца. Последните месеци насилството се брзо се шири брзо во досега реалтивно мирнито север на Авганистан, особено цел на нападите е Кундуз. Нашалникот на полицијата Кундуз беше убиен од страна на бомбаш-самоубиец, додека минатата седмица беше нападната полициска патрола на периферијата од градот. Кон крајот на февруари, уште еден бомбаш-самоубиец уби најмалку 30 луѓе во напад на објект на централната влада во областа Емам Сахеб во Кундуз. Во октомври минатата година, беше убиен гувернерот на Кундуз во напад извршен во џамија при богослужба. Покраината стана бунтовничка база на бунтовниците во текот на изминатите две години, од која се шират нападите во  околните провинции, додека офанизвите предводени од НАТО Меѓународни сили за безбедносна помош на Авганистан ИСАФ) се концентрирани врз талибанските упоришта на југ и исток од земјата. Од командата на ИСАФ во понеделникот соопштија дека примиле зивештаи за наапдот во Кундуз, но дека се уште ги истражуваат деталите. Во 2010 г. насилството во Авганистан го достигна максимумот откако беше соборен талибанскиот режим во инвазијата на меѓуанродните сили предводени од САД, во 2001 г.. И покрај присуството на околу 150 илајди странски војници, тоа е значителен пораст а истиот тренд се задржува и во годинаваа, пред очекуваната пролетна офанзива против бунтовниците.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

САД го зголемуваат трикратно производството на ракети за системите „Патриот“

Објавено пред

Соединетите Американски Држави планираат повеќе од тројно да го зголемат производството на пресретнувачки ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, како одговор на зголемената глобална побарувачка, поттикната од војната во Украина и други безбедносни предизвици.

dobivaj vesti na viber

Пентагон објави дека склучил нов долгорочен договор со „Локхид Мартин, со кој годишното производство на пресретнувачи ПАЦ3=-МСЕ треба да порасне од околу 600 на приближно 2.000 ракети.

Побарувачката за овие ракети нагло се зголеми по руската инвазија врз Украина, која се потпира на системите „Патриот“ за заштита на градовите и клучната инфраструктура од воздушни напади. Американските власти наведуваат дека новиот модел на набавка ќе овозможи побрзо производство, поголеми индустриски инвестиции и посилни синџири на снабдување.

И покрај најавеното зголемување, експертите предупредуваат дека САД моментално се соочуваат со недостиг на вакви пресретнувачи, поради нивната интензивна употреба во Украина и на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе...

Свет

Анџелина Џоли ги посети палестинските деца од Газа во болници во Египет

Објавено пред

Хуманитарната организација ИНАРА ја угости актерката и хуманитарка Анџелина Џоли за време на нејзината посета на програмите во Египет, каде што се сретна со палестински деца од Појасот Газа кои добиваат медицинска, образовна и психолошка поддршка.

dobivaj vesti na viber

Џоли ги посети децата кои се лекуваат во болници, учесниците во образовните програми и семејствата за време на домашни посети, како и центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка. Таму разговараше со персоналот и ги слушна сведоштвата на децата за траумите низ кои поминале.

Децата истакнаа дека медицинската помош, психолошките терапии и наставата што ги обезбедува ИНАРА им помогнале повторно да почувствуваат стабилност и да продолжат да сонуваат за иднината. Шеснаесетгодишно девојче раскажа дека по повеќемесечно лекување му била спасена повредената нога, а на денот на средбата со Џоли ѝ бил изваден гипсот.

Џоли изрази почит за храброста на децата и надеж дека еден ден ќе живеат во мир и безбедност. Од октомври 2023 година, ИНАРА обезбедила медицинска и психосоцијална помош, образование, сместување и финансиска поддршка за илјадници палестински деца и нивните старатели во Египет.

Фото: ИНАРА – хуманитарна организација (inara.org)

Прикажи повеќе...

Свет

Рубио: САД не планираат инвазија, туку купување на Гренланд

Објавено пред

Американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио им порача на пратениците дека, и покрај сè поагресивната реторика, администрацијата не планира инвазија врз Гренланд, туку сака да го купи овој огромен остров од Данска. Оваа изјава, дадена за време на затворен брифинг во понеделникот, доаѓа во момент кога Белата куќа јавно не ја исклучува можноста за воена акција, а претседателот Трамп и неговите соработници одбиваат да ја исклучат можноста за заземање територија со сила.

dobivaj vesti na viber

Дека ситуацијата е сериозна, потврди и портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

„Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека стекнувањето на Гренланд е приоритет за националната безбедност на Соединетите Американски Држави и дека е клучно за одвраќање на нашите противници во арктичкиот регион“, изјави таа.

„Претседателот и неговиот тим разговараат за низа опции за остварување на оваа важна надворешнополитичка цел, а секако, користењето на американската војска секогаш е опција што му стои на располагање на врховниот командант.“

Желбата на Трамп да го купи Гренланд не е нова – тој за тоа зборуваше и за време на својот прв мандат, но сега се чини дека е поодлучен од кога било оваа територија да ја припои кон Соединетите Американски Држави.

Зборовите на Рубио биле изречени на состанок со раководството на Конгресот, на кој учествувале и министерот за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Здружениот штаб, генералот Ден Кејн. Главна тема на состанокот била операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, но разговорот се проширил и на други потенцијални воени акции.

Според извори, лидерот на сенатското малцинство, Чак Шумер, директно прашал дали администрацијата планира воена интервенција во Мексико или на Гренланд, на што Рубио, како што се наведува, се обидел да ја смири ситуацијата.

Иако не е целосно јасно дали Рубио навистина ги смирил пратениците, блискиот сојузник на Трамп, сенаторот Линдзи Греам, тврди дека агресивната реторика е всушност преговарачка тактика.

„Сето ова е дел од преговори“, изјави тој.
„Мораме да имаме правна контрола и правна заштита за да ја оправдаме изградбата на тоа место и испраќањето на нашите луѓе на терен.“

Сепак, ваквиот пристап предизвика длабока загриженост кај европските сојузници. Членките на НАТО предупредија дека американски напад врз Гренланд, кој е автономен дел од Данска, би значел крај на деценискиот воено-политички сојуз.

Дека Белата куќа не се откажува од притисокот, покажа и Стивен Милер, еден од најблиските соработници на Трамп, кој во понеделникот на Си-Ен-Ен не ја исклучи можноста за инвазија.

„Никој нема воено да се бори против Соединетите Американски Држави поради иднината на Гренланд“, самоуверено порача тој.

Самиот претседател Трамп беше уште подиректен следниот ден, во вторникот, кога им објасни на новинарите во претседателскиот авион: „Ни треба Гренланд од аспект на националната безбедност, а на Европската Унија ѝ треба ние да го имаме и тие тоа го знаат“, рече тој, нагласувајќи ја важноста на контролата врз Арктикот поради Русија и Кина, како и пристапот до богатите минерални ресурси на островот.

Данската влада се обиде да одговори на безбедносните грижи на Трамп, нудејќи стационирање на поголем број американски војници и нови права за експлоатација на минерали, но Трамп во неделата ги отфрли тие предлози со изјава дека Копенхаген купува „уште едни санки за кучиња“.

Данската премиерка Мете Фредериксен во понеделникот упати досега најостро предупредување. За локалната телевизија ДР изјави дека напад врз членка на НАТО би значел крај на сè.

„Сè би завршило. Меѓународната заедница каква што ја познаваме, демократските правила на игра, НАТО – најсилниот одбранбен сојуз во светот – сето тоа би се урнало ако една земја членка на НАТО одлучи да нападне друга“, порача Фредериксен.

Стравот кај европските лидери е дополнително засилен поради неодамнешните американски воени операции во Венецуела, Нигерија и Иран, кои укажуваат дека Трамп во својот втор мандат е поподготвен да користи сила. Во меѓувреме, додека траат дипломатските тензии и закани, жителите на Гренланд, според истражувањата на јавното мислење, во големо мнозинство се противат на идејата да станат дел од Соединетите Американски Држави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија6 часа

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...

Свет8 часа

Мерц му порача на Зеленски: Младите Украинци да ѝ служат на својата земја, а не да бегаат во Европа

Од Украина, меѓу другото, се очекува да создаде услови младите мажи да ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина,...

Македонија9 часа

Променливо облачно време со дожд за Божик, на планините снег

Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во...

Свет10 часа

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...

Македонија10 часа

Денеска е Божик – денот на христовото раѓање

Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово –...

Европа20 часа

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...

Свет22 часа

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и...

Европа22 часа

(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија1 ден

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа1 ден

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија1 ден

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ1 ден

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа1 ден

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија1 ден

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ1 ден

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...

Свет1 ден

(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД

Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за...

Свет1 ден

(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските...