Свет
Северна Кореја подготвена за продолжување на нуклеарните преговори
Севернокорејските власти му порачале на рускиот преговарач кој беше во посета на Пјонгјанг, дека се подготвени за продолжување на преговорите за својата нуклеарна програма за збогатување на ураниумот во рамките на групата шест држави, соопшти агенцијата KCNA
„Северна Кореја е подготвена да се вклучи во преговорите на шесторката без какви и да се услови“, се истакнува од страна на севернокорејското министерство за надворешни работи.Натаму во цитираното соопштение се истакнува дека Северна Кореја „нема ништо против да се разговара за нејзината програма за збогатување ураниум“, соопштил портпаролот на министерството по средбата со заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Александар Бородавкин.Бораодавкин од петокот до понеделникот престојуваше во посета на Пјонгјанг каде што се сретна со севернокорејскиот министер за надворешни работи, Парк Уи-Чун и другите челници на комунистичкиот режим, пренесе јужнокорејската новинска агенција Yonhap.Во шестолатералните преговори за денуклеаризаццијата на Северна Кореја, покрај двете Кореи, вклучени се и САД, Русија, Кина и Јапонија.Преговорите чијшто покровител е Кина се закочени на мртва точка од декември 2008 г. Пјонгјанг официјално се повлече од нив во април 2009 г., еден месец пред да ја изведе својата втора нуклеарна проба.Северна Кореја во ноември 2010 г. соопшти дека отворила постројка за збогатување на ураниумот и дека произвела бомби со плутониум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

