Свет
Благо зголемена радијацијата на рускиот далечен исток

Благо покачување на нивото на радијација забележано е утрово на далечниот исток на Русија, пренесуваат медиумите повикувајќи се на руски официјални лица.
Благо покачување на нивото на радијација забележано е утрово на далечниот исток на Русија, пренесуваат медиумите повикувајќи се на руски официјални лица. Според британскиот „Телеграф“, зголемена радијација, која сепак е во границите на нормалата е измерена во Владивосток на полуостровот Сахалин, кој се наоѓа на 800 километри од оштетената нуклеарка „Фукушима 1“. Радијацијата во Владивосток, измерена во 5 часот по средноевропско време, е за еден микрорентген поголема од мерењето извршено шест часа претходно. Руската армија соопшти дека е подготвена да го евакуира населението од полуостровот Сахалин, како и од јужните Курилски острови доколку за тоа има потреба, јавува агенцијата Интерфакс. Еден од овие острови, Танфиљева, е оддалечен само шест километри од јапонскиот брег. Русија и Јапонија имаат територијален спор околу јужните Курилски острови. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
СЗО: Сè уште не е време за опуштање

Сè уште не е време за опуштање, изјави Мајкл Рајан, раководител на програмата за итни операции на Светската здравствена организација.
„Навистина сум загрижен затоа што некои луѓе мислат дека најлошото е минато. Тоа не е точно”, рече тој на прес-конференција во Женева.
„Ако не бидеме внимателни, можни се трет и четврти бран“, предупреди тој.
СЗО ги повика сите да не ги гаснат надежите во напорите за борбата против епидемијата, додека коронавирусот продолжува да мачи многу земји.
Ова предупредување доаѓа во време кога програмата Ковакс, утврдена за поправедна дистрибуција на вакцини, оваа недела конечно овозможи почеток на кампања за вакцинација во земји кои сè уште немаа набавено вакцина.
Испратени се дваесетина милиони дози во дваесет земји. Следната недела, списокот ќе биде проширен на уште 31 земја.
„Ова е напредок што инспирира надеж, но бројот на дози споделени преку Ковакс сè уште е мал“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус.
Регион
(Видео) Во Србија стигнаа уште 500.000 вакцини од „Синофарм“

Во Србија синоќа пристигнаа 500.000 вакцини од руската компанија „Синофарм“. Авионот со вакцини на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Согласно протоколите вечерва дојдов сам на аеродромот ‘Никола Тесла’. Нашиот најголем авион А330 достави 500.000 вакцини на ‘Синофарм’. Дојдов уште еднаш да му покажам почит и благодарност на претседателот Шји Ѓинпинг и на кинескиот народ”, рече Вучиќ во видео обраќање на социјалните мрежи.
„Благодарен сум на Кина, горд на Србија!“, напиша претседателот на Србија.
Вучиќ ги повика граѓаните да се вакцинираат и со тоа да спасат животи.
„Вечерва имаме вкупно 2.620.000 вакцини и се договоривме за вкупно 13 милиони и 350.000 вакцини“, рече претседателот на Србија.
Регион
Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на Кризниот штаб според кои ќе бидат затворени сите угостителски објекти и сите продавници, освен продавниците за храна.
Од понеделник, 8 март, средношколците ќе се префрлат на часови преку Интернет.
За време на новиот режим ќе можат да работат само продавниците за храна, кои можат да работат до 21 часот, а на аптеките и бензинските пумпи работното време не им е ограничено.
Во ски – центрите овие мерки ќе важат од полноќ и ќе траат до понеделник, што значи дека угостителските објекти на овие места нема да работат во текот на целиот викенд.
Исклучок се хотелските кафулиња и ресторани, кои за време на викендот можат да послужат само гости кои имаат регистриран престој.
Кога станува збор за културните институции, само театрите ќе можат да работат до 21 часот, со почитување на сите епидемиолошки мерки, додека ќе може да се одржат и претходно закажани спортски настани, но без присуство на публика.
Доставата на храна ќе функционира 24 часа на ден. Исто така, по 12 часот, можат да работат приватни здравствени установи, лаборатории, ветеринарни клиники и стоматолошки ординации.
Од понеделник, 8 март, сè ќе работи според вообичаениот режим.
Од Владата соопштија дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива без прекин според однапред утврден план, така што новите мерки на кој било начин не го загрозуваат процесот на имунизација.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“