Свет
Г8 без договор за воена интервенција во Либија

Најбогатите светски земји на самитот на групата Г8 кој се одржа во Париз, не постигнаа договор за воена интервенција во Либија. Ова го објави францускиот министер за надворешни работи, Алан Жипе, кој призна дека не ги „убедил“ партнерите во врска со ова прашање.
Најбогатите светски земји на самитот на групата Г8 кој се одржа во Париз, не постигнаа договор за воена интервенција во Либија. Ова го објави францускиот министер за надворешни работи, Алан Жипе, кој призна дека не ги „убедил“ партнерите во врска со ова прашање. Жипе потсети дека Франција и Велика Британија инсистирале на воведување на зона забранета за летови над Либија , како би се ослабнала воената моќ на Моамер Гадафи. Францускиот министер за надворешни работи за радиото „Европа 1“ рече дека меѓународната заедница нема да може да ги спречи силите на Гадафи да ја вратат контролата врз Бенгази, вториот град по големина во Либија. Министрите на групата Г8 се договориле што поскоро да продолжат преговорите во Обединетите нации и Советот за безбедност, како би била подготвена резолуција со која би се зголемил притисокот врз Гадафи. Жипе спомена дека е возможно на Либија да и бидат воведени поморски санкции. Разговорите на министрите на Г8 продолжуваат денеска, а се очекува да завршат попладнево. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кубилијус: „Изградете ѕид против беспилотни летала“

Европскиот комесар за одбрана Андријус Кубилијус денес повика на итна изградба на ѕид против беспилотни летала по должината на источниот дел од Европската Унија откога руски беспилотни летала утрово го нападнаа полскиот воздушен простор.
„Русија повторно ги тестира граничните држави, ЕУ и НАТО. Ќе соработуваме со земјите членки, со граничните земји и со Украина. Русија ќе биде запрена“, напиша тој на мрежата „Икс“.
Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека одговорот на алијансата на упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор ќе биде разгледан денес на редовната седница, како и дека претставниците на НАТО се во контакт со Полска.
Харт, во објава на мрежата „Икс“ истакна дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со полското раководство.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, исто така изјави дека прелиминарниот извештај укажува дека руската инвазија била намерна, како и дека е во контакт со НАТО и со Полска.
Полските власти претходно објавија дека собориле неколку беспилотни летала, а дека остатоците од едно се пронајдени во близина на Лублин.
Фото: принтскрин
Свет
Белорусија: Беспилотните летала се изгубени, и ние соборивме неколку

Павел Муравјеика, белорускиот заменик-министер за одбрана, тврди дека беспилотните летала случајно влегле во полскиот воздушен простор откако нивните навигациски системи биле блокирани.
Во видео на официјалниот канал Телеграм на Министерството за одбрана, Муравјеика изјавил дека беспилотните летала „се изгубиле“ и дека самата Белорусија соборила неколку беспилотни летала над сопствената територија.
Тој истакнал дека помеѓу 23:00 и 4:00 часот по локално време, белоруските сили споделиле информации со Полска и Литванија преку „комуникациски канали“ за беспилотни летала што залутале.
Белорусија, најблискиот сојузник на Русија, во последните години се соочува со влошување на односите со своите западни соседи и Украина, откако Москва ја искористи белоруската територија како појдовна точка за напад врз Киев што го започна во февруари 2022 година, пишуваат медиумите.
Полска вчера објави дека ќе ја затвори границата со Белорусија на полноќ по локално време во четврток поради воените вежби „Запад“ што се одржуваат во Белорусија. Воените вежби „Запад-2025“, што ќе се одржат во Западна Русија и Белорусија, предизвикаа загриженост кај соседните земји, членки на НАТО – Полска, Литванија и Латвија.
Фото: принтскрин
Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен „Говор до нацијата“ пред Европскиот парламент, таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји-членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин