Свет
Нов земјотрес од шест степени во Јапонија
Нов земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на источна Јапонија. Земјотресот се случил во 18:49 часот по локално време, 167 километри југоисточно од градот Сендаи во префектурата Мијаги.
Нов земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на источна Јапонија. Земјотресот се случил во 18:49 часот по локално време, 167 километри југоисточно од градот Сендаи во префектурата Мијаги. Лоша вест за јапонската нуклеарна криза е дека и реакторот број четири во централата во Фукушима сега преставува проблем. Пожарот што на реакторот број четири избувна утрово по локално време се случил во близина на покривната конструкција на тој реактор, е ставен под контрола, пишува јапонската телевизија НХК. Компанија ТЕПКО која управува со нуклеарката Фукушима тврди дека најверојатно се работело за експлозија на водород, но не соопшти други детали. Агенцијата Кјодо и телевизијата НХК напоменуваат дека за време на разорниот земјотрес и цунами, што се случија во петокот, споменатиот реактор не бил во употреба. Портпаролот на владата, Јукио Едано рече дека измерената радијација, по експлозиите, околу реакторите два и четири „дефинитивно е штетна по здравјето на луѓето“. Во четири реактори на нуклеарката Фукушима се случија експлозии, стравувањата се дека експлозијата што се случи на реакторот два, во 6:10 часот по локално време, го оштетила составот за ладење на јадрото на реакторот. Ова е трета експлозија во Фукушима во последните четири дена. Првите две експлозии се случија на реакторот број два, а останатите две на реакторите еден и три. Првичните информации говорат дека оваа експлозија била послаба од претходните две. Во вчерашната експлозија на реакторот број три загинаа 11 луѓе. Компанијата ТЕПКО соопшти дека по експлозијата веднаш биле евакуирани работниците од овој реактор. По експлозијата веднаш е измерена зголемена радијација, а поголема радијација од дозволеното е измерена и во градот Ибараки, кој се наоѓа јужно од Фукушима. крај/нхк/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа уште една рафинерија во Русија
Нафтена рафинерија во рускиот град Славјанск на Кубан во Краснодарската област беше потресена од силни експлозии синоќа. Се верува дека украинските сили ја нападнале со беспилотни летала. Речиси истовремено, непосредно пред полноќ, беше пријавен и напад со беспилотни летала во Саратовската област, објавува „Киев Индепендент“.
Славјанск на Кубан се наоѓа во јужна Русија, недалеку од Азовското и Црното Море, додека Саратовската област во својата најблиска точка е на околу 330 километри од североисточната украинска граница. Киев сè уште не ги коментирал нападите, а информациите сè уште не се независно потврдени.
Украина редовно извршува напади врз руската воена и енергетска инфраструктура со цел да ја ослабне борбената моќ на Москва во тековната војна. Бидејќи рускиот енергетски сектор директно ги финансира воените напори на Кремљ, Киев ги смета енергетските објекти за легитимни воени цели.
Овие напади следат по големиот напад на украинските сили врз руските воени и нафтени објекти на 14 декември, погодувајќи цели низ Русија и на окупираните територии, вклучувајќи го и Крим, како што објави Генералштабот на Украина. Само два дена претходно, на 12 декември, беше потврден и нападот врз рафинеријата „Славнефт-Јанос“ во Јарослављ, една од петте најголеми во Русија.
Во меѓувреме, гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, на 14 декември тврдеше дека украинскиот ракетен напад врз градот Белгород предизвикал „сериозна штета“ на локалната инфраструктура.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос

