Свет
Пет демонстранти убиени во среда во Бахреин
Петмина демонстранти се убиени а стотици се ранети во нападот на безбедносните сили врз демонстранттие во главниот град Манама во средата наутро јави AFP
Како што јавува агенцијата којашто се повикува на шиитски извори кои ги органзиираат протестите, претходните информации од утрово говореа за двајца загинати полицајци и голем број повредени демонстранти. Безбедносните сили на Бахреин со употреба на сила во средата наутро ги отстранија демонстрантите од централниот плоштад на Манама кои речииси цел месец се втаборија барајќи реформи во власта. Застапникот на влијателното шиитско движење ал-Вефак, Халил Марзук, ги обвини бахреинските безбедносни сили дека ги блокирале приодите кон неколку градски болници и дека опколиле неколку објекти меѓу кои е и „ал-Саламнија“, главната болница во Манама.Безбедноснтие сили на Бахреин со употреба на сила во средата наутро ги растерале демонстрантите кои со седмици се втаборени на главниот плоштад во Манами со што се разбиени демоснтрациите во Бахреин.Во судирите меѓу безбедносните сили и демоснтрантие загинале најмалку двајца полицајци, а стотини лица се повредени. Полицајците биле прегазени со автомобил на демонстрантите кој со голема брзина минал преку полицискиот кордон.Неколку стотини припадници на безбедносните сили на Бахреин добија помош во средата наутро од стотици припадници на итнервентните единици на полицијата и војници од земјите на Персискиот залив, кои на централниот плоштад во главниот град Манама се распоредија со тенкови и оклопни возила. Тие ја преземаа контролата на теренот со насилно растерување на демоснтрантите употребувајќи солзаввец против нив. Полициските сили се распроедуваат по целото централно подрачје на бахреинската престолнина „чистејќи“ ги улиците од демонстрантите.Донападот врз протестантите меѓу гои иогромно мнозинство се шиити, дојде откако во Бахреин дојдоа сили од соседните земји во Персискиот залив кои и помагаат на сунитската династија Ал Калифа да ги смири протестите. Демонстрантите коишто го запоседнаа централниот плоштад во Манама се собираат масовно од 19-ти февруари барајќи политички реформи, а некои фракции бараат и заминување на сунитската династија која ја има власта во земјата во којашто мнозинското автохтоно население е шиитско.Како што пренесуваат западните агенции, во судирите со демоснтрантите, полицајците стрелале од ловечки пушки. Неколкуте шатори во кои демоснтаните ја минаа претходна ноќ биле запалени и како што јавуваат дописниците густ чад се издига во градот од централното подрачје. Во исто време додека хеликоптери ја надлетуваат областа, полицајата се распоределиа на клучни точки на плоштадот отстранувајќи ги преостанатаите шатори, додека демонстрантите бегале по споредните улици кои водат кон периферијата на Манама. Шиитските високодостојници во текот на ноќта во вторник кон средата ја повикаа меѓународната заедница и муслимансктие земји да интервенираат за да се избегне маскар во Бахреин, каде кралот прогласи вонредна состојба во траење од наредните три месеца, откако во вторникот пристигнаа првите единици од земјите од Заливот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.
Свет
Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина
Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина.
Беспилотни летала биле уништени над северниот, јужниот и источниот дел на земјата. Регистрирани се 20 погодоци на 13 локации, се вели во соопштение објавено на социјалните мрежи.
Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз 33 населени места во југоисточната Запорошка област, ранувајќи три лица, соопшти во меѓувреме денеска раководителот на регионалната воена администрација Иван Федоров.
Министерството за одбрана на Руската Федерација, од своја страна, соопшти за 26 соборени украински дронови од синоќа.
Речиси две третини од овие беспилотни летала, 17 биле уништени над Брјанската област која граничи со Украина. Над западната Смоленска област биле соборени седум дронови, а над Белгородската област, која граничи со Украина, и над окупираниот полуостров Крим по еден.
Во меѓувреме, во западната Орловска област беше прогласена опасност за авијацијата.
Свет
Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал
Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините интимни снимки беа објавени во јавноста. Пајковиќ тврди дека не станува збор за секс скандал, туку за политичка пресметка и одмазда против моќна личност која ја пријавила за закани, а за сè го обвинува советникот на претседателот на Црна Гора и поранешен шеф на тајната служба, Дејан Вукшиќ.
Во својата исповед за Face.ba, таа опиша низ што поминувала, нагласувајќи дека нејзината безбедност е во опасност и дека се плаши за сопствениот живот.
„Се обидуваат да ме натераат да извршам самоубиство. Тешко ми е. Чувствувам дека моето тело ме издава, но морам да соберам храброст и јавно да зборувам за сè, започна Пајковиќ. Има ноќи кога се плашам да спијам затоа што не знам што ќе донесе новото утро. Ме малтретираат по телефон, ме додаваат во разни групи. Државните органи се немоќни. Некој сака да немам место ниту живот во Црна Гора“, тврди таа.
Пајковиќ истакнува дека ова не е секс скандал за неа, туку опасна порака испратена до секој што се осмелува да им се спротивстави на моќните.
„Вакви работи ми се случуваат по конфликт со највисокиот државен орган, со Вукшиќ. На тие видеа може да се утврди дека само јас сум на нив. Ако другата страна сакаше да биде повредена, ќе се покажеше и главата на човекот. Ова е голем тест за полицијата и обвинителството“, верува таа.
„Вукшиќ ми се закани со прогон и дека цела Црна Гора ќе ги види моите видеа. Мојата единствена среќа е што бев доволно прониклива да го снимам тој разговор. Знаев за каква личност станува збор, ми се закануваше неколку дена претходно. Го снимив за самозаштита. Ако го немав тоа видео, немаше да имам никакви докази за да го спасам мојот живот“, рече таа.

