Свет
Јапонците биле предупредени пред две години
Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), пред повеќе од две години, ја предупредила Јапонија дека силен потрес би можел да преставува „сериозен проблем“ за неговите нуклеарни централи.
Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), пред повеќе од две години, ја предупредила Јапонија дека силен потрес би можел да преставува „сериозен проблем“ за неговите нуклеарни централи. Ова го покажува една строго доверлива депеша која ја објави „Викиликс“, а ја пренесува британскиот весник „Телеграф“. Американската депеша открива дека стручњакот на „IAEA“ бил загрижен од фактот што јапонските реактори биле конструирани да можат да издржат потреси до 7 степени според Рихтеровата скала. Според документот, функционер на „IAEA“ на состанокот на Групата за заштита и нуклеарна безбедност Г8, во Токио во 2008 година, рекол дека безбедносните системи на Јапонија се застарени. „Тој појаснил дека прописите за нуклеарна безбедност биле ревидирани само три пати во последните 35 години и дека истите „IAEA“ ги преиспитува“, пишува во известувањето од тој период. Функционерот предупредил дека се „работи за сериозен проблем, кој бара работи на сеизмолошката безбедност“, се додава во документот.Јапонската влада реагирала веднаш со формирање на центар за одговори на итни сосотојби во постројките во Фукушима, но нуклеарната централа и понатаму била способна да издржи потреси до 7 степени според Рихтеровата скала, пишува весникот „Телеграф“. крај/telegraph/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

