Свет
Либија се заканува со напади во Медитеранот
Министерството за одбрана Либија се закани дека ќе изврши наапди врз воздушниот и поморскиот сообраќај во Средоземното Море во случај на странска воена интервенција во врска со ситуацијата во земјата, пренесува во четвртокот AFP повикувајќи се на соопштение на либиското министерство
Соопштението на либиското министерство за одбрана е издадено неколку часа пред гласањето во Советот за безбедност по нацрт-резолуцијата со којашто се повикува на воена интервенција, со исклучување на окупација, во врска со ситуацијата во Либија за заштита на цивилното население. „Секое воено вмешување во внатрешните работи на Либија од страна на странци, ќе го загрози целиот воздушен и поморски транспорт во областа на Медитеранот. Секое движење на цивилни и воени објекти ќе стане цел на контрадејствие на либиските сили. Медитеранот ќе биде изложен на загрозување не само на краток рок, туку долгорочно… “, го цитира AFP соопштението на агенцијата Министерството за одбрана. Против режимот на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи на 27-ми февруари Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за санкции. Со овие мерки се направи обид да се спречат убиствата на противниците на режимот на Гадафи, а тие вклучуваат ембарго за трговија со оружје со Либија, замрзнување на сметките во странство на Гадафи, членови од неговото семејство и неколку високи државни функционери, како и забрана за нив за патувања во странство. Франција и Велика Британија предложија прогласување зона за забранети летови над Либија, што беше поддржано од страна на Арапската лига. Либан, единствената арапска земја во Советот за безбедност, ја презеде иницијативата, така што таа дојде како предлог од државите во регионот. Меѓутоа, досега неодговорени прашања за тоа кој ќе го следи воздушниот простор над Либија и колку тоа генерално ќе биде корисно. Во овој случај, не е јасно кои земји ќе треба да се борат на либиска почва. Франција и Велика Британија, исто така, понудија опција којашто вклучува и воздушни напади врз воените аеродроми во Либија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат
Глобална трансформација е пред нас, истакна денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така почна 2026 година“, наведе Орбан во објава на Фејсбук.
Тој рече дека најважната тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“, пренесува МТИ.
„Ова е нашиот пат. Патот на мирот, со дела, а не со зборови“, истакна унгарскиот премиер.
Орбан додаде дека тоа е спротивно на патот на Брисел, кој вклучува воени планови, средства на ЕУ кои, според Орбан, методично се крадат во Украина.
Фото: Depositphotos
Свет
Лавров: Западот сам се изолира, поттикнува антируска хистерија
Западот, обидувајќи се да ја изолира Русија, дозволи крајно срамни ситуации на мултилатерални настани, а на крајот дојде до самоизолација на западниот свет, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Имаше апсолутно срамни ситуации кога на меѓународни настани, како што е Г20, се договорија да не се ракуваат со руските претставници. Кога нè гледаа во ходниците во близина на салата за состаноци, се преправаа дека го тргаат погледот и бегаа од нас – возрасни луѓе“, рече Лавров во интервју за време на манифестацијата „Јолка желја“ (Божиќна желба), пренесе ТАСС.
Тој додаде дека Русија активно ја развива дипломатијата со она што сега го нарекува „глобално мнозинство“ во Азија, Африка и Латинска Америка, истакнувајќи дека Западот, всушност, сам се изолирал. Лавров, исто така, ги критикуваше европските политичари дека поттикнуваат антируска хистерија.
Свет
Министрите на Германија, Франција и Полска на состанок за поддршка на Украина
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска денес попладне ќе одржат состанок на таканаречениот „Вајмарски триаголник“, а форматот ќе биде доминиран од темата за поддршка на Украина, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Јохан Вадефул, Жан-Ноел Баро и Радослав Сикорски ќе се сретнат во Париз, еден ден откако Елисејската палата беше домаќин на самитот на „коалицијата на подготвените“, на кој беше изразена намера Франција, Велика Британија и партнерските сили да испратат воени единици во Украина во случај на мировен договор со Русија.
По состанокот на лидерите на коалицијата, американската делегација и украинскиот претседател Володимир Зеленски беше потпишана заедничка декларација за безбедносни гаранции за Киев, во која се наведува и дека Соединетите Американски Држави ќе интервенираат воено во случај на нов напад од Русија, како и дека ќе го водат механизмот за надзор на почитувањето на прекинот на огнот.
На состанокот на Вајмарскиот триаголник, формат покренат во 1991 година во истоимениот германски град, подоцна денеска треба да му се придружи и индискиот министер Субрахманијам Џајшанкар, со кого ќе се разговара и за зајакнување на односите меѓу Европската Унија и Индија, но и за предизвиците во регионот на азиско-пацифичкиот простор.
Фото: Depositphotos

