Свет
Почина поранешниот државен секретар на САД, Ворен Кристофер
Поранешниот американски државен секретар Ворен Кристофер, кој имаше голема улога во постигнувањето на мир во Босна и Херцеговина и при преговарањето за ослободување на американските заложници во Иран, починал во петокот навечер во 85-та година од животот.
Поранешниот американски државен секретар Ворен Кристофер, кој имаше голема улога во постигнувањето на мир во Босна и Херцеговина и при преговарањето за ослободување на американските заложници во Иран, починал во петокот навечер во 85-та година од животот.Како што пренесе CNN во саботата наутро, повикувајќи се на телевизиската станица KABC од Лос Анџелес која информацијата ја јави во петокот во последните вести, Ворен Кристофер починал од компликации предизвикани од канцерот на бубрезите.Кристофер беше државен секретар во администрацијата на демократскиот претседател Вил Клинтон, во периодот од 1993 до 1997 г.Како водечки американски дипломат во тој период, Ворен Кристофер, беше познат во јавноста како „преговарачот од сенка“, а заради неговиот ненаметлив стил честопати го нарекуваа и „невидливиот“ државен секретар.Во 1995 г. во сојузната држава Охајо, во базата близу градот Дејтон, Кристофер во соработка со својот помошник Ричард Холбрук кој почина пред крајот на минатата година, ги водеше мировните преговори меѓу српскиот лидер Слободан Милошевиќ, хрватскиот Фрањо Туѓман и босанскохерцеговскиот Алија Изетбеговиќ, кои во ноември 1995 г. доведоа до потпишување на Дејтонскиот мировен договор со кој беше завршена војната во Босна и Херцеговина.Ворен Кристофер е роден во Скрантон во Северна Дакота на 27. Октомври 1925 г.. во 1945 г. дипломирал на Универзитетот на Јужна Калифорнија. Од 1943 до 1946 г. бил припадник на резервниот состав на американската воена морнарица. Во 1949 г. докторирал на право на Станфорд. Потоа работел во правобранителството и државното обвинителство на САД, а од 1977 до 1981 г. е заменик на државниот секретар кога и ги води преговорите за ослободување на 52-цата американски државјани држени во заложништво во Иран.Исто така, Кристофер го водеше процесот на нормализација на односите меѓу САД и Кина, помагаше при ратификацијата на договорот за користење на Панамскиот канал и ја водеше првата меѓуресорна група за човекови права во САД.Во 1981 г. претседателот Џими Картер го одликуваше Кристофер со Медалот на слободата, највисокото американско цивилно одликување. /крај/хина/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

