Свет
Режисерот Мур бара Обама да ја врати Нобеловата награда за мир
Режисерот Мајкл Мур го критикува американскиот претседател, Барак Обама поради воената акција во Либија, во низата пораки кои ги објави на Твитер
Мајк Мур често го критикуваше и претседателот Џорџ Буш поради војната во Ирак, а воената акција на САД во Либија ја спореди со акциите во Ирак и Авганистан.Неговите коментари се објавен во саботата, откако американските сили испукаа 110 ракети „томахавк“ на воените цели во Либија, за да ги спречат силите на либискиот водач Моамер Гадафи да го преземе градот Бенгази, упориште на либиските бунтовници.Нападот на Либија започна на осумгодишнината од почетокот на војната во Ирак. Обама рече дека САД и неговите сојузници делуваат за да го заштитат народот во Либија од потенцијален масакр. Режисерот Мур напиша дека Обама поради нападите на Либија треба да ја врати Нобеловата награда за мир која ја доби во 2009 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

