Свет
Над 30 нови земјотреси во Јапонија

Повеќе од 30 последователни потреси со магнитуди меѓу 4,5 и 6,6 степени биле регистрирани денеска во североисточниот и источниот дел на Јапонија, објави интернет страницата на Американската Геолошка служба. (USGS)
Повеќе од 30 последователни потреси со магнитуди меѓу 4,5 и 6,6 степени биле регистрирани денеска во североисточниот и источниот дел на Јапонија, објави интернет страницата на Американската Геолошка служба. (USGS)
Најсилните земјотреси биле регистрирани во попладневните часови.
Првиот силен земјотрес со магнитуда од 6,6 по Рихтер се случил во 16.18 по локално време. Епицентарот е лоциран на 312 километри источно од градот Фукушима во истоимената префектура и 415 километри североисточно од главниот јапонски град Токио, на длабочина од 26,5 километри.
Околу два часа подоцна, во 18,19 часот по локално време, во истата област бил регистриран нов потрес со магнитуда од 6,4 степени. Епицентарот е лоциран на 131 километри југоисточно од Фукушима и 264 километри североисточно од Токио, на длабочина од 27 километри.
Третиот денешен силен земјотрес од 6,6 степени по Рихтер се случил во 18,44 по локално време. Епицентарот на овој земјотрес бил на 179 километри југоисточно од градот Хатинохе, на длабочина од 15,5 километри.
После тоа, метеоролозите регистрирале околу 20 земјотреси со магнитуди од 4,5 до 5,9 степени по Рихтер. Повеќето од нив се случиле во префектурите Ибате, Мијаги и Фукушима. Според јапонската телевизија NHK, афтершоковите биле почувствувани и во префектурата Тиба, како и во самиот град Токио.
И покрај бројноста и силината на подземните удари, предупредувања за опасност од цунами не е објавена.
Земјотрес со јачина од 9.0 степени по Рихтер ја погоди Јапонија на 11-ти март предизвикувајќи големо цунами чија височина достигнуваше и до десет метри. Според последните податоци, бројот загинати и исчезнати во природната катастрофа наближува кон бројката од 23 илјади настрадани. Според јапонската полиција, досега се потврдени 9.199 жртви.
Во последниве неколку дена, во источниот дел на Јапонија има серија последователни потреси – речиси секој ден се регистрираат најмалку по 20 земјотреси чиишто магнитуди се движат до пет степени по Рихтер./крај/нхк/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Повлекувањето на Иран од договорот за нуклеарно оружје би било најлошото сценарио

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека повлекувањето на Иран од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, по нападите на САД врз нуклеарните постројки во таа земја, би било „најлошото можно сценарио“.
Тој рече дека во наредните денови ќе разговара со претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се обиде да го зачува договорот, пренесува BFM.
„Се надеваме дека ќе има вистинско приближување на ставовите бидејќи целта е да се спречи Техеран да продолжи со своите активности за ширење“, рече Макрон.
Свет
Орбан: Ќе има последици за организирање на „Парадата на гордоста“ во Будимпешта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес предупреди дека ќе има правни последици за организирање или присуство на парадата на гордоста во Будимпешта, која е закажана за сабота.
Тој рече дека ова ја крши полициската забрана за настанот.
„Ние сме возрасни и им препорачувам на сите сами да донесат одлука, но да ги почитуваат правилата. Ако не го сторат тоа, ќе се соочат со јасно дефинирани правни последици“, изјави Орбан за државното радио, објави Ројтерс.
Премиерот нагласи дека полицијата има овластување да го растера забранетиот настан, но додаде дека Унгарија е „цивилизирана земја“ и дека задачата на полицијата е да ги убеди луѓето да го почитуваат законот.
Свет
Мерц: Германија мора да ја води Европа напред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека има намера повторно да ја направи Германија движечка сила на Европската Унија, како и дека сака да даде „личен придонес за да се осигури дека Европа успешно ќе продолжи во наредните години“.
На своето прво учество на самитот на ЕУ, кој заврши во четврток во Брисел, откако ја презеде функцијата во мај, Мерц рече дека сака да види брзо решавање на трговскиот спор на Европската Унија со Соединетите Американски Држави.
„Исто така, ја поддржувам Европската комисија во сите нејзини напори за брзо постигнување трговски договор со САД“, рече Мерц, објави Танјуг.
Рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп за преговори за царини со ЕУ истекува на 9 јули, а Мерц ја обвини Европската комисија дека преговорите се „премногу комплицирани“.
Кога станува збор за војната на Израел во Појасот Газа, Мерц ги отфрли казнените мерки против таа земја или суспендирањето на Договорот за асоцијација на ЕУ со Израел, што го побараа некои земји.
Ова следеше по објавувањето на ревизорскиот извештај на ЕУ, во кој се наведува дека постапките на Израел во крајбрежната зона ги кршат воспоставените принципи на тесна соработка со меѓународната заедница.
Во заедничка изјава, шефовите на држави и влади на ЕУ ги повикаа сите страни на Блискиот Исток да покажат воздржаност и да го почитуваат меѓународното право. Тие, исто така, потврдија дека Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје, како и дека Европската Унија ќе продолжи да учествува во сите дипломатски напори за намалување на тензиите во регионот.
Мерц учествуваше и на неформален состанок на маргините на Европскиот совет во Брисел, на кој присуствуваа лидерите на 21 од 27-те земји-членки на ЕУ, кои имаат намера да развијат предлози за построга миграциска политика, чии домаќини беа Данска, Италија и Холандија.