Свет
Нетанјаху повикува на нова воена офанзива врз Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на нова офанзива против Појасот Газа , кој е под контрола на радикалното движење Хамас, откако палестински ракети доцна синоќа погодија цели длабоко во територијата на Израел, при што еден локален жител бил повреден, а пренесува Reuters
Малата радикална група „Исламски џихад“, која е и повремен сојузник на Хамас, ја презеде одговорноста за нападот, кој следеше по размената на артилериски оган меѓу израелската армија и Хамас, во која загинаа четворица палестински цивили и петмина борци на Хамас. Вице-премиерот Силван Шалом изјави дека ситуацијата потсетува на периодот непосредно пред израелската офанзива во Газа во 2008 г., кога загинаа 1.400 Палестинци. Од тогаш Хамас главно се воздржува од артилериски напади. „Можеби ќе мора да размислиме за повторна таква акција. Го велам ова и покрај тоа што сум свесен дека една таква операција ќе го доведе регионот во уште позапалива ситуација“, вели Шалом.Шалом се сомнева дека Хамас го засилил операциите против израел за да спречи продолжување на палестинско-израелските мировни преговори или да си ги зајакне позициите пред претстоечките преговори за помирување со поумерената палестинска организација Фатах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Земјотрес од 4,9 степени во Мексико
Мексико денес беше погодено од земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 45 километри од Акапулко. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
JUST IN: 4.9 magnitude earthquake struck Guerrero, Mexico, tremors felt across multiple cities pic.twitter.com/zTJzvWx0LC
— Rapid Report (@RapidReport2025) January 16, 2026
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ потресот бил почувствуван силно, креветите се нишале, а луѓето се буделе, бидејќи земјотресот се случил кратко пред 1 часот наутро по локално време.
Свет
Автобус удри во зграда во центарот на Сеул
Патнички автобус удри во зграда во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални извори.
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, во инцидентот се повредени 11 лица, а двајца од повредените се во тешка состојба и се префрлени во болница.
Телевизиските снимки од местото на настанот покажаа голем автобус, а предниот дел заглавен во стаклената фасада на зграда. Се чини дека возилото поминало низ широк дел од пешачката зона пред да удри во зградата.
Полицијата соопшти дека во овој момент нема индикации дека возачот бил под дејство на алкохол, но дека планираат да спроведат тест за дрога додека трае истрагата за причината за несреќата.
Фото: ЕПА
Свет
Прекинот на интернетот во Иран трае веќе втора недела
Прекинот на интернетот во Иран влезе во втората недела, а според организацијата „Нет блокс“, режимот го блокирал пристапот до мрежата повеќе од 180 часа.
Иако можноста за повици во странство беше обновена претходно оваа недела, интернет услугите сè уште се недостапни.
Ваквата ситуација го отежнува, иако не и целосно невозможно, добивањето информации, слики и видеа од земјата во реално време. Во исто време, им помага на властите во Техеран во обидот да го контролираат наративот за протестите и немирите.
Фото: depositphotos

