Свет
Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди Мјанмар

Потрес со јачина од седум степени според Рихтер го погоди источниот дел на Мјанмар доцна синоќа (според локално време), соопшти Американскиот геофизички институт кој исто така додава дека нема опасност од цунами.
Потрес со јачина од седум степени според Рихтер го погоди источниот дел на Мјанмар доцна синоќа (според локално време), соопшти Американскиот геофизички институт кој исто така додава дека нема опасност од цунами.Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десетина километри, крај границата со Тајланд и Лаос, 90 километри северно од Чанг Раи и 235 километри од Чанг Маи (североисточен Тајланд).Засега е потврдена само една жртва, жена настрадала кога врз неа се срушил ѕид од куќата во која таа се наоѓала, соопштила тајландската полицијаНе е издадено предупредување за цунами со оглед на тоа дека сеизмолозите оцениле дека потресот бил предлабоко во внатрешноста за да може да предизвика цунами./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата пристигна во Мосул

Папата Франциско пристигна денеска во северен Ирак во Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, кои беа уништени од терористичката Исламска држава.
Тој ќе одржи миса на отворено на последниот ден од првата посета на Папата на оваа југозападна азиска земја.
Ватикан се надева дека посетата ќе ги охрабри христијаните да останат во Ирак, и покрај децениските конфликти и нестабилност.
Папата испрати порака за меѓуверска толеранција до муслиманските лидери, вклучително и историска средба со ирачкиот шиитски верски водач, ајатолахот Али ал-Систани.
Мосул, градот во кој се наоѓа папата, беше сериозно оштетен за време на војната со Исламската држава, а поглаварот на Римокатоличката црква ќе се моли за сите жртви на војната во Ирак.
Свет
Откриен нов „застрашувачки“ сој: високозаразен и ја намалува ефикасноста на вакцините

Научниците во американската држава Орегон открија нов многу заразен вид на ковид, кој првпат се појави во Велика Британија.
Сепак, овој пат беше измешан со локална мутирана варијанта и можно е да ги направи вакцините помалку ефикасни.
Американските здравствени работници досега наидоа на еден случај на овој, како што го нарекуваат, „застрашувачки вид“, а по истражувањето е утврдено дека потекнува од локалната заедница и дека не се развил во пациентот во кого бил откриен, објави Јаху за „Њујорк пост“.
„ Ние секако не го увезовме ова од странство – тоа се случи спонтано, во нашата земја“, изјави Брајан О’Рок, генетски научник од Универзитетот за здравство и наука во Орегон.
Основата на новооткриениот вид е дека има иста позадина како и новите соеви, но исто така и иста мутација – E484K (Eek), што е видена во Јужна Африка, Бразил и Њујорк.
Лабораториските тестови покажаа дека мутацијата „Еек“ ја намалува ефикасноста на вакцините со затајување на имунолошкиот одговор на организмот.
Британскиот вид Б117 исто така има мутација „Еек“, но орегонскиот сој се развива независно, додаде О’Рок.
Регион
Вучиќ: Ве молам вакцинирајте се

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва на прес-конференција истакна дека е важно што повеќе луѓе во Србија да бидат вакцинирани. Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат.
„ Имаме и ќе имаме вакцини. Ве молам, како Бог, вакцинирајте се, не слушајте приказни за неодговорни луѓе. Тие го прават тоа за свое добро со цел да си ги наполнат џебовите. Вакцинацијата ја одредува и економската иднина на Србија. Но, јас ќе се вратам на спасување на животите на нашите луѓе, особено на старите лица. Се разбира, и помладите умираат, но тоа е ретко”, нагласи српскиот претседател.
Вучиќ рече дека 95% од случаите на луѓе кои умираат биле на возраст од 57 и 58 години. Тој побара да се вакцинираат старите лица и изјави дека најмалку вакцинирани има во општините Тутин, Мерошина, Бабужница и Чагубица, каде биле вакцинирани од 9,5 до 12 проценти.
Најави дека најмалку милион и пол вакцини ќе пристигнат во април во Србија. Тој додаде дека повеќето луѓе се вакцинирани во богатите општини, и дека тој и премиерката Ана Брнабиќ ќе патуваат кај нив за да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат.
„ Ќе одам на некои места, ќе одам кога ќе поминеме милион ревакцинирани, ќе одам да се вакцинирам во Чагубица или Мерошин за да ги замолам луѓето да се вакцинираат“, рече тој.
Вучиќ нагласи дека ако не била извршена вакцинацијата, тогаш ќе имало 10 и 13.000 заразени на дневна основа, само благодарение на ревакцинацијата, успеале да ги држат броевите под контрола.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“