Свет
Сириските сили за безбедност убиле најмалку 20 демонстранти
Сириските безбедносни сили денеска убиле најмалку 20 демонстранти во градот Санамеин, пренесува телевизијата Al Jazeera, повикувајќи се на изјави на сведоци
Групата во која пукале силите за безбедност одела да им се приклучи на демонстрациите во градот Дараа, јужно од престолнината Дамаск, кој во изминативе две недели беше поприште на демонстрации и судири со безбедносните сили. Тие попат запалиле оган под споменикот на таткото на сегашниот претседател, Хафес ал-Асад, кој почина во 1980 година, што ги испровоцирало сите на редот да отворат оган со боева муниција. Санамеин се наоѓа на 40 километри северно од Дараа. Во Дераа, пак, илјадници луѓе присуствува на погребот на 37-те демонстранти кои во средата беа убиени од силите на претседателот Башир ал-Асад. И покрај огромно присуство на силите за безбедност и нивната подготвеност да користат сила при разбивањето на демонстрациите, во градот се собраа луѓе од речиси сите околни места. Демонстрантите во Дараа извикувале слогани против Мохар Асад, братот на претседателот, кој е командант на елитната Револуционерна гарда. Тие го повикуваа Мохар да не пука на демонстрантите, туку со своите трупи да ја ослободи висорамнината Голан, која Израел и ја одзема на Сирија во војната во 1967 година. Во Дамаск силите на редот привеле повеќе десетици демонстранти, кои учествувале во кусите демонстрации. Во градот Хама, се собрале повеќе стотици демонстранти, кои извикувале „ѕвони ѕвоното на слободата“, слоган кој се користеше при сите демонстрации на Блискиот исток. Во Хама во 1982 година сириските сили за безбедност задушија исламистичко востание, при што беа убиени илјадници луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Превозниците од Србија донесоа одлука: прекината блокадата на граничните премини
Превозниците од Србија денес ќе престанат да го блокираат товарниот сообраќај на премините, изјави за Танјуг претседателот на Меѓународното транспортно деловно здружение, Неѓо Мандиќ.
„Сега ги информираме нашите редари кои се на границите да ги отстранат камионите што беа на чело на конвојот, за да може сообраќајот да се движи. Значи ги прекинуваме протестите“, рече Мандиќ по состанокот.
Превозниците од Црна Гора и Северна Македонија вчера ги прекинаа блокадите откако Европската комисија објави нова визна стратегија што ќе го реши проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната, а сè уште се чека одлуката на превозниците од БиХ дали ќе донесат иста одлука, пренесуваат медиумите во соседството.
Мандиќ вели дека транспортерите од Србија донеле одлука за прекин на блокадите еден ден откако Европската комисија почнала да ја разгледува можноста за воведување специјални визи за професионалните возачи на камиони, што би им овозможило да останат подолго во земјите од ЕУ и непречено да ја извршуваат својата работа.
„Одлуката ја донесовме по вчерашното соопштение, бидејќи она што го добивме е доволно добар пат и она што го сакавме. А од друга страна, секако имаме ветување дека ќе има состанок на работната група во Брисел веќе во вторник, 3 февруари. Исто така, имаме дневен ред кој го содржи само она што дополнително го бараме, да донесеме краткорочни и долгорочни решенија сè додека не се спроведе она што е предвидено. Она што го сакаме се решенија за возачите повеќе да не бидат малтретирани или апсени“, рече Мандиќ, пренесува Танјуг.
Меѓународното транспортно бизнис здружение објави дека денес во 15 часот ја прекинале блокадата на товарниот сообраќај на премините и дека ќе продолжат да превезуваат стока.
Во соопштението се проценува дека секое понатамошно продолжување на нарушувањето на синџирите за товарен транспорт би ги ставило домашните производствени компании и граѓаните во тешка положба.
„Апелираме до Европската комисија, земјите-членки на Шенген, бизнисмените од Европа, сега свесни за важноста на непрекинатите транспортни синџири, да помогнат да се спречат повторно несфатливите апсења и депортации на нашите возачи. Очекуваме помош од другата страна и однос што го заслужуваат луѓето кои, во вонредни ситуации како што е пандемијата, беа единствените што носеа стока до сите нас во Европа. Да не чекаме додека не останеме без нив. Синџирите на снабдување не смеат повторно да бидат прекинати“, беше кажано од здруженијата, според написите.
Се чека одлуката на превозникот од Босна и Херцеговина
Мандиќ рече дека сè уште не добиле одговор од нивните колеги од БиХ дали и тие ќе ги суспендираат блокадите, но дека очекува тие да донесат иста одлука.
„Само чекаме нивен одговор, иако седевме со нив до 22 часот синоќа, 10 од нив беа таму и мислиме дека ќе донесат иста одлука, но тие не го направија тоа и не можат да кажат што ќе одлучат нивните тела, но веруваме дека ќе го одлучат истото“, истакна Мандиќ.
Во вторник, на 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот со транспортерите од регионот во Шенген зоната, пренесуваат медиумите.
Свет
Трамп ја тужеше сопствената администрација: бара 10 милијарди долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги тужеше Министерството за финансии на САД и УЈП за 10 милијарди долари поради објавувањето на неговите даночни пријави во медиумите во текот на 2019 и 2020 година.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Мајами од Доналд Трамп, неговите возрасни синови Доналд Трамп помладиот и Ерик Трамп, како и компанијата што го носи неговото име, се наведува дека агенциите не презеле „задолжителни мерки на претпазливост“ за да го спречат поранешниот вработен во Даночната администрација, Чарлс Литлџон, да ги предаде своите даночни пријави на „левичарските медиуми“, вклучувајќи го и Њујорк Тајмс, објавува денес Гардијан.
Тужителите изјавија дека претрпеле „значајна и непоправлива штета“ на нивниот углед и финансиски интереси и дека можат да бараат казнена отштета бидејќи истекувањето на информации било намерно или резултат на груба небрежност.
Овој случај го става Доналд Трамп во необична позиција да тужи владини агенции кои се дел од извршната власт, која тој ја раководи, пишуваат медиумите.
Во тужбата поднесена вчера, Трамп наведува дека „Њујорк тајмс“ објавил најмалку осум статии врз основа на информации што им ги дал Литлџон.
Се додава дека протекувањето на информации „предизвикало штета на угледот и финансиите, јавен срам, неправедно го нарушило нивниот деловен углед, ги претставило во лажна светлина и негативно влијаело врз претседателот Трамп и јавниот углед“ на другите тужители, пренесува Танјуг.
Свет
Русите ја погодија фабриката на „Филип Морис“ во Харков со ракета
Дел од фабриката „Филип Морис“ во Харков беше оштетен во синоќешниот руски ракетен напад, објави украинската филијала на компанијата, пренесува „Украинска правда“.
Службите за итни случаи се на местото на настанот, а гаснењето на пожарот е во тек. Според првичните извештаи, нема жртви во нападот.
Компанијата изјави дека фабриката во Харков не работи од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година. Во 2024 година, „Филип Морис“ отвори нова фабрика во регионот Лавов, каде што беа преместени 250 вработени од фабриката во Харков.
Доцна синоќа Русите ја нападнаа Украина со балистичка ракета „Искандер-М“ и 111 борбени беспилотни летала од типот „Шахед“, „Гербера“, „Италмас“ и други. Соборени се 80 беспилотни летала, но регистрирани се и погодоци.
фото/илустрација

