Свет
Повеќе од 200 луѓе уапсени на протестите во Лондон
Повеќе од 200 лица се уапсени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Лондон во текот на ноќта, за време на протестите по повод предвидените владини мерки за штедење.
Повеќе од 200 лица се уапсени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Лондон во текот на ноќта, за време на протестите по повод предвидените владини мерки за штедење.
Би Би Си повикувајќи се на полицијата, прецизира дека се уапсени 214 лица поради кршење на јавниот ред и мир.
Повредени се 66 лица, од кои 31 полицаец, а 11 се задржани на болничко лекување, додава Би Би Си, наведувајќи дека се работи претежно за лесни повреди.
Повеќе од 250.000 луѓе вчера на протестите поради острите мерки за штедење кои ги предложи владата на Велика Британија со цел намалување на пораснатиот буџетски дефицит.
Демонстрациите, веројатно најголеми по протестите кои се одржаа по повод војната во Ирак, поминаа главно мирно, а атмосферата на протестите била карневалска, со музика, големи екрани и претстави во Хајд парк, наведува АП.
Лондонската полиција потврди дека повеќе од 250.000 луѓе мирно прошетале низ градот, а околу 500 предизвикувале нереди.
Десетици демонстранти ги гаѓале полицајците со шишиња и светилки полни со амонијак, а во центарот на Лондон се уништени излози и предизвикани се неколку пожари.
Во протестите учествуваа наставници, медицински сестри, пожарникари, вработени во јавниот сектор, студенти, пензионери и активисти по повод најавите на Владата за намалување на буџетот од 80 милијарди фунти или 91 милијарди евра.
Владата веќе зголеми дел од даноците, а намалувањата во јавниот сектор се очекуваат во април.
Се очекува затворање на околу половина милион работни места и укинување на околу 20 милијарди евра за социјална помош, а старосната граница за заминување во пензија до 2020 година ќе биде зголемена на 66 години./крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.
Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.
На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.
Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб.
Iran: Aerial visuals show the emotional funeral procession in Minab for schoolgirls and teachers killed in a recent strike. pic.twitter.com/TZxpqN5KLv
— TIMES NOW (@TimesNow) March 3, 2026
Иранската државна телевизија денес прикажа снимки од илјадници луѓе собрани на јавен плоштад во Минаб. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, главно стоејќи одвоено од жените. Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.
Свет
Багеи: Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото и рече дека „вечен срам“ ќе ги снајде оние што тврдат дека ја следат дипломатијата, но, соочени со аргументите на Иран, попуштија и решија да прибегнат кон воени средства.
Тој нагласи дека Техеран верува дека е посветен на хуманитарните принципи, пренесува „Ал Џезира“.
„Ционистичкиот режим не се воздржува од никаков злобен чин. Ги молам моите арапски пријатели внимателно да размислат. Режимот не се двоуми да го прошири опсегот на војната, да го расипе угледот на Иран и да изврши злосторства во други земји“, додаде Багеи, пренесува Танјуг.

