Свет
Француските авиони нападнаа либиски команден центар
Француски борбени авиони го нападнаа денеска командниот центар на либиската војска јужно од Триполи, изјави портпаролот на француската војска Тјери Биркар.
Француски борбени авиони го нападнаа денеска командниот центар на либиската војска јужно од Триполи, изјави портпаролот на француската војска Тјери Биркар.
Тој додаде дека авионите „мираж“ го нападнале воениот комплекс и командниот центар на околу 10 километри од либиската престолнина, што го користеле силите лојални на Гадафи.
Биркар рече дека француските сили ги поместуваат своите дејства кон запад, како што дејствуваат и бунтовниците, пренесува агенцијата Асошиејтед прес. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

