Свет
Нов земјотрес со магнитуда од 6 степени во североисточна Јапонија
Нов силен земјотрес со магнитуда од 6,0 степени по Рихтер е регистриран денеска во североисточниот дел на Јапонија, јави интернет страницата на Геолошката служба на САД (USGS).
Нов силен земјотрес со магнитуда од 6,0 степени по Рихтер е регистриран денеска во североисточниот дел на Јапонија, јави интернет страницата на Геолошката служба на САД (USGS).
Епицентарот на потресот бил регистрирани во 14,29 по локално време (07.29 часот по македонско време), на 172 километри југоисточно од главниот град на истоимената префектура Иваки. Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од 30,3 километри. Не е издадено предупредувања за опасност од цунами.Според кинеските сеизмолози на коишто се повикува кинеската новинска агенција Синхуа, магнитудата на земјотресот изнесувала 6,4 степени според Рихтеровата скала.Катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 9 степени по Рихтер ја погоди североисточна Јапонија на 11-ти март, предизвикувајќи цунами со височина од повеќе од десет метри. Според најновите официјални податоци на јапонската полиција бројот на жртвите надмина 11.200 луѓе, а повеќе од 16.300 лица се водат за исчезнати. Истовремено бројката евакуирани жители кои живеат во прифатилишта изнесува 243.049 луѓе.Според досегашната статистика, целосно се уништени 19.814 објекти, од кои дури 12.400 објекти се срамнети со земјата само во префектурата Ивате. Во морето се потопени 1.165 илјади домови а целосно се опожарени 148 објекти.Предизвикано од катастрофалниот земјотрес на 11-ти март цунамито коешто го зафати североисточниот брег на Јапонија во морето повлече 247 бродови, бротчиња и други пловни објекти. Повеќето од уништените од цунамито и повлечени во океанските води пловни средства се мали рибарски бродови и чамци.Разорниот земјотрес предизвика и повеќе несреќи на нуклеарната централа „Фукушима -1“ каде од употреба излезе системот за ладење на реакторите. Како резултат на инциденти во нуклеарната централа беа регистрирани неколку протекувања на радијација, што ги принуди јапонските власти да забранат прелети на авиони во радиус од 30 километри и за истата површина на копното е прогласена целосна евакуација на населението../крај/син/усгс/крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

