Свет
Исчезнатите новинари во рацете на силите на Гадафи

Либиските власти денеска признаа дека четворицата странски новинари кои исчезнаа во понеделникот се наоѓаат во нивни раце и наскоро ќе бидат ослободени, јавува шпанската телевизија TVE1
Либиските власти денеска признаа дека четворицата странски новинари кои исчезнаа во понеделникот се наоѓаат во нивни раце и наскоро ќе бидат ослободени, јавува шпанската телевизија TVE1Автомобил во кој се превезувале еден шпански фоторепортер, еден јужноафрикански двајца американски новинари, во понеделникот бил запрен од либиски војници на автопатот кој ги поврзува источниот град Аџдабија, под контрола на бунтовниците, со блиското пристаниште Марса-ел-Брега.Колата била запалена, а новинарите одведени во непознат правец. Сведок на инцидентот бил обезбедувач на новинар од весникот New York Times. кој возел по истиот пат и го видел целиот настан. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Украина стои зад понудата да не се напаѓа цивилна инфраструктура

Украина стои зад својот предлог да не се напаѓа барем цивилната инфраструктура и очекува јасен одговор од Москва, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој истакна дека Русија го отфрлила не само американскиот предлог за целосно и безусловно примирје, туку и вчерашниот предлог – „предлогот за продолжување на активностите насочени кон мир по Велигден“.
Тој истакна дека руските напади продолжиле и денес по целата фронтова линија.
„До средината на денешниот ден, во 13:00 часот, имаше речиси 3.000 гранатирања и други напади. Имаше употреба на руски ракети, „шахеда“, речиси 90 воздушни бомби, употреба на тешко оружје и беспилотни летала. Руските напади продолжуваат на целиот фронт“, рече Зеленски.
Тој исто така нагласи дека главната задача на украинските претставници на претстојниот состанок во Лондон, кој ќе се одржи оваа недела, ќе биде постигнување безусловно примирје.
„Мирот доаѓа во тишина. И само кога има вистинско примирје и кога луѓето имаат доверба во целиот процес на преговори, тогаш можат да се решат суштинските прашања“, заклучи Зеленски.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата започна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.
Европа
Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројаница

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со бројаница во рацете, митра на главата и облечен во црвена литургиска одежда, ден откако почина од последиците од мозочен удар во неговиот дом.
Телото на папата Франциско се уште се наоѓа во неговиот дом Санта Марта, каде што тој се опоравуваше откако помина повеќе од еден месец во римската болница Гемели поради билатерална пневмонија.
Според планот, утре, 23 април, среда, телото ќе биде преместено во базиликата Свети Петар за да можат верниците да им оддадат почит.