Свет
Наскоро состанок ЕУ-либиска опозиција

Шефовите на дипломатиите на Европската унија следната недела ќе имаат средба со претставникот на либискиот Национален сојуз.
Шефовите на дипломатиите на Европската унија следната недела ќе имаат средба со претставникот на либискиот Национален сојуз.
Состанокот ќе се одржи и покрај тоа што во Унијата нема консензус околу оваа опозициона група, соопштуваат дипломатски извори. Високиот преставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, во вторник на состанок го повика Националниот совет.
Состанокот ќе се одржи во Луксембург и тој ќе биде прв помеѓу преставник на либиската опозиција и лидерите на 27-те членки на ЕУ.
Франција и Италија се единствените земји членки на ЕУ кои го признаа Националниот совет за легитимна влас во Либија. Останатите земји членки сметаат дека се уште е рано на оваа група да и се даде таков легитимитет. /крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лукашенко: Имаме сè за да му нанесеме неподнослива штета на агресорот

Одговорот на Белорусија во случај на директна закана ќе биде молскавично брз, Минск има сè што е потребно за да му нанесе незамислива штета на потенцијален агресор, изјави претседателот на земјата, Александар Лукашенко, во интервју за руските медиуми.
„Секако, го следиме развојот на ситуацијата на западните граници.
Во случај на директна закана, ќе одговориме со молскавично брзина на секој што ќе стапне на белоруска земја. Ако преминат од зборови на дела, ќе имаме со што да возвратиме.
Имаме што е потребно за да му нанесеме неприфатлива штета на агресор. Не им советувам да го тестираат тоа“, нагласи белорускиот лидер.
Лукашенко, исто така, оцени дека непријателската политика на Западот кон Русија и Белорусија не се менува, туку прераснува во отворено агресивна.
Според него, ваквите изјави се лицето на општата политика на Западот кон Белорусија и Русија.
„Најтажно е што оваа политика не се промени.
Поминаа 80 години од крајот на Втората светска војна, а таму, на Запад, тие сè уште ги сметаат нашите земји и нашиот братски сојуз за закана.
НАТО брзо ја вооружува Европа, а Полска и балтичките земји измислуваат наводно заштитни мерки за да им угодат на своите господари.
Една од нив е повлекување од Конвенцијата од Отава и деминирање на границата со Белорусија“, нагласи Лукашенко.
Во исто време, според него, сојузот меѓу Белорусија и Русија е тестиран со текот на времето и сè додека двете земји градат заедничка иднина, тие не можат да го прекинат.
Кога станува збор за решавање на ситуацијата во Украина, белорускиот претседател изјави дека нема алтернатива на мировните преговори за конфликтот, мора да се земат предвид интересите на сите страни, пренесува Спутник.
Лукашенко заклучи дека дијалогот мора да биде отворен и почитуван.
Фото: принтскрин
Свет
Беспилотно летало соборено над зградата на полската влада во Варшава

Безбедносните служби неутрализираа беспилотно летало што леташе над владините згради во центарот на Варшава, а двајца белоруски државјани се уапсени, објави вечерва полскиот премиер Доналд Туск.
„Службата за владина безбедност штотуку неутрализираше беспилотно летало што леташе над владината зграда и над палатата Белведер“, објави Туск на Икс. „Белведер“ е една од официјалните резиденции на полскиот претседател.
„Двајца белоруски државјани се уапсени“, додаде Туск. „Полицијата истражува“.
Инцидентот се случи во време кога Полска е во состојба на зголемена готовност откако група руски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на земјата минатата недела, анализираат медиумите во регионот.
Туск предупреди тогаш дека тоа е „најблиску што сме дошле до отворен конфликт од Втората светска војна“.
Фото: принтскрин
Свет
Популарноста на Макрон на најниско ниво досега, според последните анкети

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон достигна најниско ниво откако дојде на власт во 2017 година, при што само 17 проценти од испитаниците го фаворизираат шефот на државата, според анкетата на Ипсос.
Популарноста на Макрон нагло опаѓа за 7 процентни поени во споредба со јули 2025 година и изнесува 17 проценти одобрување, што претставува најниско ниво досега забележано откако тој дојде на власт во 2017 година, објавува „Трибин д Диманш“.
Дополнително, се забележува дека новоизбраниот премиер Себастијан Лекорни, кој беше назначен од Макрон, веќе има висок негативен рејтинг и дека е непозната политичка фигура за многу испитаници, објавува Танјуг.
Анкета на Ипсос покажа дека најпопуларните политичари кои ќе го заменат Макрон како претседател на Франција во 2027 година се лидерите на крајно десничарската партија Национално собрание (RN), Џордан Бардела со 35 проценти позитивни мислења и Марин Ле Пен со 32 проценти, пренесуваат медиумите.
Фото: принтскрин