Свет
Клинтон: Поддршка за Јапонија и повик да остане глобално активна
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ги повика Јапонците да продолжат да бидат активни на светската сцена во периодот во кој се борат со последиците од нуклеарната криза која следеше по катастрофалниот земјотрес и цунами, истовремено ветувајќи им поддршка од Вашингтон.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ги повика Јапонците да продолжат да бидат активни на светската сцена во периодот во кој се борат со последиците од нуклеарната криза која следеше по катастрофалниот земјотрес и цунами, истовремено ветувајќи им поддршка од Вашингтон.Клинтон изјави дека Јапонија и САД се договориле во поглед на создавање на „јавно-приватно партнерство за обнова“, под водство на јапонската влада, а американските бизнис организации да почнат со дебата за тоа на кој начин ќе им помогнат на Јапонците кои минуваат низ тешка криза.„На економски, дипломатски и на многу други подрачја, Јапонците ни се неопходно потребни за глобално решавање на проблемите. Покрај тоа, американско-јапонскиот сојуз неопходен е како и секогаш кога се во прашање глобалната безбедност и развој“, рече Клинтон по завршувањетоo на разговорите со јапонскиот министер за надворешни работи Такеаки Мацумото.„Сите знаеме дека Јапонија поминува низ исклучително тежок период и сакаме да го поттикнеме нејзиниот народ, во моментите кога се опоравува од катастрофата која го погоди и понатаму да остане во меѓународниот фокус и кризата да не се фокусира само на внатрешните проблеми“, рече високиот официјален претставник, кој патува заедно со Клинтон, а кој сакаше да остане анонимен.Јапонскиот премиер Наото Кан изјави дека нуклеарната ситуација во Јапонија полека се стабилизира и дека земјата сега ќе може да се фокусира на закрепнување од земјотресот и цунамито.„Верувам дека овој исклучително тежок период ќе ни го отвори прозорот кон можностите кои ќе ни овозможат повторно раѓање на Јапонија“, пишува Кан во уводникот на онлајн изданието на Sunday’s International Herald Tribunea.Тој додава дека јапонија и понатаму ќе остане ангажирана на меѓународен план и покрај тоа што се опоравува од катастрофата.„Верувам дека за нас Јапонците најдобар начин да возвратиме на искреното пријателство кое ни е покажано е да продолжиме да придонесуваме за развој на меѓународната заедница“, пишува Кан во уводникот./крај/хн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.