Свет
Клинтон: Поддршка за Јапонија и повик да остане глобално активен
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ги повика Јапонците да продолжат да бидат активни на светската сцена во периодот во кој се борат со последиците од нуклеарната криза која следеше по катастрофалниот земјотрес и цунами, истовремено ветувајќи им поддршка од Вашингтон.
Хилари Клинтон изјави дека Јапонија и САД се договориле во поглед на создавање на „јавно-приватно партнерство за обнова“, под водство на јапонската влада, а американските бизнис организации да почнат со дебата за тоа на кој начин ќе им помогнат на Јапонците кои минуваат низ тешка криза.„На економски, дипломатски и на многу други подрачја, Јапонците ни се неопходно потребни за глобално решавање на проблемите. Покрај тоа, американско-јапонскиот сојуз неопходен е како и секогаш кога се во прашање глобалната безбедност и развој“, рече Клинтон по завршувањетоo на разговорите со јапонскиот министер за надворешни работи Такеаки Мацумото.„Сите знаеме дека Јапонија поминува низ исклучително тежок период и сакаме да го поттикнеме нејзиниот народ, во моментите кога се опоравува од катастрофата која го погоди и понатаму да остане во меѓународниот фокус и кризата да не се фокусира само на внатрешните проблеми“, рече високиот официјален претставник, кој патува заедно со Клинтон, а кој сакаше да остане анонимен.Јапонскиот премиер Наото Кан изјави дека нуклеарната ситуација во Јапонија полека се стабилизира и дека земјата сега ќе може да се фокусира на закрепнување од земјотресот и цунамито.„Верувам дека овој исклучително тежок период ќе ни го отвори прозорот кон можностите кои ќе ни овозможат повторно раѓање на Јапонија“, пишува Кан во уводникот на онлајн изданието на Sunday’s International Herald Tribunea.Тој додава дека јапонија и понатаму ќе остане ангажирана на меѓународен план и покрај тоа што се опоравува од катастрофата.„Верувам дека за нас Јапонците најдобар начин да возвратиме на искреното пријателство кое ни е покажано е да продолжиме да придонесуваме за развој на меѓународната заедница“, пишува Кан во уводникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.