Свет
Најмалку 18 загинати во невреме во Кина
Најмалку 18 лица загинаа, а 155 повредени во јужна Кина провинцијата Гуангдонг од понеделникот, по налетите на силни ветрови го погодија потресе регионот, пренесува кинеската агенција Сiнхуа, повикувајќи се на службите за справувања со поплави и природни непогоди
Ветришта со брзина од 164 километри на час, проследени со град и дожд, го погодиле градовите Гуангжу, Фошан, Жаочинг и Донгуан во неделата, соопшти портпаролот на покраинската служба за справување со природни непогоди.Невремето директно погодило досега повеќе од 3.200 лица досега, принудувајќи 380 од нив да се евакуираат од нивните домови. Притоа најмалку 45 куќи биле урнати во невремето, додал портпаролот. Повеќето од жртвите загинаа кога силни ветришта урнале ѕидови и други конструкции. Во паѓања на делови од објекти, дрва и бандери, исто така, иам неколку жртви.Од понеделник наутро, бурите уништиле повеќе од 1.087 хектари обработливо земјоделско земјиште и предизвикале штета од речиси 96 милиони јуани (14,7 милиони долари) директна економска загуба, соопшти во понеделникот провинцискиот оддел за цивилни прашања.Од таму изјавиле дека во погодените области испратиле тимови чија работа ќе се состои во обезбедување и насочување на хуманитарната помош.Локалните власти во Гуангдонг ги активираа плановите за вонредни состојби, при што повредените се згрижуваат во болниците, се обезбедува помош за постарите жители и се испитуваат оштетените згради за да се оцени нивната состојба.Југозападна провинција Гуижу, претходно во петокот и саботата беше на удар на град кој погоди десет окрузи, предизвикувајќи штета којашто првично е проценета на 75 милиони јуани (над десет милиони долари), соопштија локалните власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

