Свет
Бројот жртви во земјотресот во Јапонија надмина 14 илјади
Бројот загинати во катастрофалниот земјотрес и цунамито што на 11-ти март ја погодија североисточна Јапонија, како и во повторните потреси од 7 и 11 април ја надмина бројката од 14 илјади, пренесува во вторникот телевизијата NHK, повикувајќи се на податоци од полицијата
Според последните податоци, досега се регистрирани 14.001 жртва на природните стихии. Како исчезнати се’ уште се водат 13.660 лица. Најмногу жртви има во префектурата Мијаги – 8.487, во Ивате – 4.033 и во Фукушима 1.418. Досега е потврдено дека загинати се 19 странски државјани во катастрофалниот земјотрес од 11-ти март. Според информациите од министерството за надворешни работи на Јапонија, меѓу жртвите на природната катастрофа се државјани на Кина, Јужна Кореја, Северна Кореја, Пакистан, Филипини, Канада и САД.Според Институтот за географија на Јапонија, полуостровот Осика северо-источно од главниот јапонски остров Хоншу од земјотресот се измести 5,3 метри во југо-источна насока и пропадна за 1,2 метри.Целосно уништени 19.814 објекти, од кои дури 12.400 објекти се срамнети со земјата само во префектурата Ивате. Во морето се потопени 1.165 илјади домови а целосно се опожарени 148 објекти.Предизвикано од катастрофалниот земјотрес на 11-ти март цунамито коешто го зафати северо-источниот брег на Јапонија во морето повлече 247 бродови, бродчиња и други пловни објекти. Повеќето од уништените од цунамито и повлечени во океанските води пловни средства се мали рибарски бродови и чамци.Разорниот земјотрес предизвика и повеќе несреќи на нуклеарната централа „Фукушима -1“ каде од употреба излезе системот за ладење на реакторите. Како резултат на инциденти во нуклеарната централа беа регистрирани неколку протекувања на радијација, што ги принуди јапонските власти да забранат прелети на авиони во радиус од 30 километри и за истата површина на копното е прогласена целосна евакуација на населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД најавуваат нов пакет помош од 400 милиони долари за Украина
Соединетите Американски Држави денеска ќе објават нов пакет помош од 400 милиони долари за Киев, кој ќе вклучува ракети за системите „Патриот“ и борбените возила на пешадијата „Бредли“, пишува „Политико“, повикувајќи се на неименувани американски претставници.
„Во петок САД ќе објават нов пакет воена помош за Украина во вредност од 400 милиони долари“, пишуваат медиумите.
Политико наведува дека пакетот ќе вклучува ракети „Патриот“ и „Стингер“, пешадиски борбени возила „Бредли“, оклопни транспортери МРАП и противтенковски системи „Јавелин“.
Свет
Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили Виктор Гулевич.
„Генерал-мајор Виктор Гулевич беше разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба 192 беше потпишана од претседателот“, се наведува во соопштението и се додава дека Гулевич е разрешен од служењето на војската поради неговата возраст, но дека го задржува правото да носи воена униформа, пренесува Известија.
Претходно Лукашенко го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лошите резултати.
Регион
Србија испраќа хуманитарна помош за Палестинците: Денеска и утре летаат авиони со стока наменета за загрозените во Појасот Газа
Владата на Србија соопшти дека го усвоила Заклучокот за испраќање хуманитарна помош во стока за Палестина, како форма на помош за ранливото население поради критичната хуманитарна ситуација во Појасот Газа.
Хуманитарната помош се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување на семејствата, а вкупната вредност на робата е близу три милиони евра, со тежина од околу 900 тони.
Едниот авион денеска ќе ја земе помошта, а другиот утре, се наведува во соопштението и се додава дека „никој не може да процени“ кога оваа стока ќе стигне до жителите на Газа, со оглед на сложеноста на ситуацијата. Остатокот од хуманитарната помош во неколку наврати ќе биде транспортиран со бродови.
Владата се согласи со предлогот на Министерството за надворешни работи да одговори на повикот на специјализираната агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за обезбедување финансиска поддршка на Програмата за итна помош на Газа, со уплата на средства во износ од 10.000 евра.