Свет
Авионите на НАТО уништија седум либиски тенкови
Сојузничките авиони кои учествуваат во операцијата „Обединет заштитник“ во Либија, само во понеделникот извршиле 143 летови, од кои 53 борбени при што уништиле седум тенкови.
Сојузничките авиони кои учествуваат во операцијата „Обединет заштитник“ во Либија, само во понеделникот извршиле 143 летови, од кои 53 борбени при што уништиле седум тенкови.Покрај тоа, како што во вторникот соопшти прес-службата на Алијансата, вчера биле уништени уште едно оклопно возила, девет бункери и магацини со муниција на армијата на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи .Вкупно, од 31 март, кога започна операцијата на коалиција под команда на НАТО, изведени се 2.877 летови, од кои 1.199 се борбени во рамките на операцијата за обезбедување зона за забранети летови над Либија, соопштија од Североатлантскиот сојуз Што се однесува за мониторингот за спроведувањето на ембаргото за оружје на Либија, во понеделникот во централен Медитеран патролирале 18 бродови на НАТО. Од почетокот на операцијата, припадниците на НАТО извршиле проверки врз 422 брода, од кои само во понеделникот врз 38 пловила. Притоа десет пати бил истоварен товар од бродовите, а трипати на инсистирање на припадниците на НАТО бил изменет курсот на бродовите. Од средината на февруари во Либија почнаа масовни демонстрации со барање за повлекување од власта на режимот на Гадафи кој владее со земјата повеќе од 40 години, Гадафи, кои подоцна се претворија во вооружен судир меѓу владините сили и бунтовниците. Советот за безбедност на Обединетите нации, на 17-ти март ја усвои резолуцијата 1973 со која се повикува на воведување зона на забранети летови над Либија и ја отвори можноста за странска воена интервенција во расчистување на ситуацијата во оваа северноафриканска земја. Операцијата започна на 19-ти март во којашто се вклучени коалиционите сили предводени од Велика Британија, Франција, САД, Канада, Белгија, Италија, Шпанија, Данска, Норвешка. Раководењето на со кампањата во Либија 31 март целосно беше префрлена на командата на НАТО. Операцијата на Северноатлантската алијанса, која го доби кодното име „Обединет заштитник“ се изведува со цел да се обезбеди ембаргото за увоз на оружје за Либија, за воспоставување зона на забранети летови зони и заштита на цивилното население. Американските сили се повлекоа од директното учество во воените операции, препуштајќи ја одговорноста за завршување на мисијата на Велика Британија, Франција и другите сојузници во НАТО./крај/макфакс/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен украински министер
Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.
Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.
Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.
Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.
Свет
Хаос на факултетите ширум Америка: апсењата на студенти продолжуваат поради антиизраелските протести
Стотици американски студенти се уапсени низ американските кампуси додека полицијата ги задушува антиизраелските протести со кои се бара повлекување на Израел од Појасот Газа.
108 студенти беа уапсени на протест во Бостон во американската држава Масачусетс, а 93 беа уапсени на протест на приватниот универзитет во Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, додека 28 студенти беа уапсени на Универзитетот Емори во Атланта во американската држава Џорџија. , соопшти полицијата, пренесува Си-ен-ен.
На Универзитетот Колумбија во Њујорк, епицентарот на демонстрациите, студентите рекоа дека нема да се разотидат додека факултетот не се согласи да ги прекине врските со израелските академски институции. Студентите од другите кампуси имаат слични барања, а во протестите учествуваат и Палестинци, Арапи, Евреи и муслимани, според Си-ен-ен.
Полицијата во Бостон во четвртокот наутро насилно ги отстрани шаторите поставени од студентите на колеџот Емерсон, при што уапси 108 од нив, објавија медиумите. На видеото може да се видат студенти како се штитат со раце и користат чадори за да и се спротивстават на полицијата.
Уште 93 студенти беа уапсени во средата навечер за време на протестите на Универзитетот во Јужна Калифорнија, соопшти полицискиот оддел во Лос Анџелес. Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено под сомнение за напад со оружје, но не соопшти детали за инцидентот.
Студентите исто така протестираат од минатиот четврток во Технолошкиот институт во Масачусетс, Универзитетот во Тексас во Остин, Универзитетот во Мичиген, Универзитетот во Ново Мексико, Беркли, Јеил и Харвард, според Си-ен-ен.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.