Свет
Погребан Саи Баба
Индискиот духовен гуру Саи Баба денеска е погребан во присуство на стотици илјади негови следбеници, кои сакаа да му ја оддадат последната почит во храмот на југот на Индија
Индискиот духовен гуру Саи Баба денеска е погребан во присуство на стотици илјади негови следбеници, кои сакаа да му ја оддадат последната почит во храмот на југот на ИндијаТибетски свештеници, муслимански духовници, политичари и воени функционери, како и обични следбеници, го преплавија комплексот на „ашрама“ (храм) во Путапарти во сојузната држава Андра Прадеш на испраќањето на својот духовен лидер. Во текот на церемонијата, кој беше спроведен со сите државни почести, низ ашрамот одекнувале хиндуистички напеви, а потоа телото на Саи Баба беше скриено со параван за да може со него да се прости потесното семејство. Од неделата навечер, кога беше изложено неговото тело, облечено во карактеристичната портокалова наметка, крај неговиот одар и покрај големата жештина, продефилираа стотици илјади луѓе.Харизматичниот Саи баба, кој самиот си се прогласи за реинкарнација на Саи Баба од Ширди, светец кој починал во 1918 година, со своето горопадно учење кое беше мешавина од хиндуистички и муслимански верувања, привлече милиони следбеници ширум светот. Тој почина во бедела, во 85-та година од животот поради откажување на внатрешните органи.Саи Баба беше и културна икона и во светот и во Индија, земја која бргу се модернизира, но во која религијата и духовноста се уште се интегрален дел од животот на населението. Се проценува дека Саи Баба имаше околу 10 милиони следбеници во стотина земји ширум светот, меѓу кои имаше и политичари, славни актери од Холивуд и од Боливуд, како и спортски ѕвезди.Тој предвиде дека ќе живее 96 години, па веста за неговата смрт ги збуни следбениците, кои му препишуваат натприродни моќи, меѓу кои се и лечење на болни во терминалната фаза на болеста. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

