Свет
Шестмина Американци убиени на аеродромот во Кабул
Шестмина американски војници се убиени во Авганистан откако офицер на авганистанската армија по расправија отворил оган во штабот на воздухопловните сили на аеродромот во кабул, јавува Al Jazeera
Шестмина американски војници се убиени во Авганистан откако офицер на авганистанската армија по расправија отворил оган во штабот на воздухопловните сили на аеродромот во кабул, јавува Al JazeeraНапаѓачот исто така бил убиен во престрелкатаМинистерството за одбрана на Авганистан соопшти дека конфликтот избувнал по расправија помеѓу пилот на авганистанското воздухопловство и американски војници во зградата која ја користи авганистанското воздухопловство. .„Изминативе 20 години тој беше воен пилот. Расправијата избувнала помеѓу него и странците и ние ќе мора детално да го истражиме случајот“, рече портпаролот на министерството, генерал Мохамад Захир Азими. Талибанците побрзаа да ја преземат одговорноста за инцидентот, но властите не ја потврдија нивната вмешаност.Напорите на НАТО да ги обучи и опреми локалните војници за да можат до 2014 година самите да ја преземат одговорноста за земјата, се отежнати од серијата напади извршени од луѓе кои се инфилтрирале во вооружените сили или кои неовластено носеле униформи на авганистанската армија. Минатата недела Министерството за одбрана во Кабул беше цел на бомбаш=самоубиец кој носел армиска униформа, при што загинаа тројца. Претходно овој месец во сличен напад врз армиска на истокот на земјата загинаа девет војници, петмина странски и четири авганистански. Во Авганистан во моментов служат околу 130.000 припадници на меѓународните сили. Одговорни за безбедноста во Кабул се авганистанските војници, а во јули треба да започне ограничено повлекување на странските сили. Целосното повлекување на меѓународните борбени единици треба да заврши до 2014 година. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.