Свет
Племенски поглавари заедно против Гадафи
Поглавари или претставници на 61 племе од Либија денеска повикаа на завршување на владеењето на Гадафи, во заедничко соопштение објавено од францускиот писател Bернар-Анри Леви, пренесува Al Jazeera
Поглавари или претставници на 61 племе од Либија денеска повикаа на завршување на владеењето на Гадафи, во заедничко соопштение објавено од францускиот писател Bернар-Анри Леви, пренесува Al Jazeera„Соочени со заканите по единството на нашата земја, соочени со маневрите и пропагандата на диктаторот и неговото семејство, ние даваме завет дека ништо нема да не раздели. Ние го делиме истиот идеал за слободна, демократска и обединета Либија“, се вели во соопштението, составено во Бенгази на 12-ти април.Прочуен интелектуалец во Франција, Леви стана неофицијален портпарол во Париз на либискиот отпор. Нему му се припишува заслугата за вршење притисок врз претседателот Никола Саркози за да ја мобилизира меѓународната заедница да им даде поддршка на бунтовниците во Либија.Тој за агенцијата AFP изјави дека соопштението е подготвено во Бенгази, но е поделено насекаде низ Либија и до сега било прифатено од многумина влијателни племенски водачи во областите кои се уште се под контрола на Гадафи. „Секое племе во Либија е претставено со барем еден претставник. На овој список со 61 потпис некои племиња се претставени 100 проценти“, вели Леви.„Ние Либијците сме едно и обединето племе, племе на слободните Либијци, кои се борат против тортурата и против настраниот гениј на поделбата“ се вели во преводот на соопштението на француски јазик, објавен во магазинот La Regle du Jeu. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

