Свет
Бројот на загинати во невремето на југот на САД се искачи на преку 200
Бројот на загинати во бурите и торнадата кои зафатија шест држави на југот на САД се искачи над 220, соопштија локалните власти.
Бројот на загинати во бурите и торнадата кои зафатија шест држави на југот на САД се искачи над 220, соопштија локалните власти. Според гувернерот на Алaбама, Роберт Бентли, само во оваа држава загинале 131 човек, а најмногу во градот Таскалуза, кога торнадото го опустошил централното градско подрачје. Делови на градот во кои се наоѓа прочуениот универзитет Алабама се потполно разурнати, а уништена е и инфраструктурата. Од невремето и преку шест милиони луѓе останаа без електрична енергија. Нуклеарната централа која се наоѓа западно од градот Хантсвил остана без струја и сега работи благодарение на генераторите на дизел гориво. Во Мисисипи загинаа 11 лица, четворица во Џорџија,а еден човек го загуби животот во Тенеси. Гувернерите на Алабама, Арканзас и Тенеси прогласија вонредна состојба, додека ситуацијата се смета за сериозна во десетина држави на американскиот југ, од Тексас до Џорџија. Метеорологот, Џош Наглберг изјави дека ова е најразорниот торнадо во историјата на Алабама. Поплавите предизвикуваат загриженост во областите кои се зафатени со врнежи од дожд, бидејќи предизвикаа покачување на нивото на водата во реките. Во неколку американски држави нема електрична енергија додека се пријавуваат големи материјални штети на приватните и државните имоти. Поради невремето администрацијата во долината Тенеси затвори три нуклеарни централи во Алабама. На теренот веќе се распоредени спасувачките тимови и ќе започнат со работа штом тоа им го дозволат временските услови. Лошите временски услови во овој месец зафатија поголем дел од југот на САД. Пред две недели најмалку 47 лица загинаа во силно невреме кое дивееше од Оклахома кон Северна Каролина. „Лошото време во овој дел на САД трае од април до јуни, но оваа година беше особено лоша. Имавме преку 700 пријави за бури и силни ветришта само во април и тоа всушност е досегашен рекорд“, вели Адриан Вијо, метеоролог од Accuweather и додава дека и натаму ќе има лошо време, но заканата од торнада како ова се намалува. крај/бл/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Тајван беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер во 9:45 часот.
ЕМСЦ наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 38 километри оддалечен од Хуалиен, кој има 350.000 жители.
Засега нема информации за значителна материјална штета или жртви.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.