Свет
Илјадници демонстрираат во повеќе сириски градови
Неколку десетици илјади демонстранти протестираа денеска против сирискиот режим, а најголемите протести беа организирани во Дамаск, Хомс и Банијас, подрачја каде претежно живеат Курди
Одговарајќи на повикот на „Младата сириска револуција“ за учество на собирот наречен „Ден на гневот“, десетици илјади луѓе се собраа во Дамаск, Хомс и Банијас, пренесува агенцијата Франс прес повикувајќи се на изјави на демонстранти. Организацијата Муслимански браќа, која е забранета во Сирија, претходно ги повика жителите на оваа блискоисточна земја да излезат на улиците, во знак на протест, поради обидот на властите крваво да ги задушат протестите против претседателот, Башар ал-Асад. Ова е прв пат оваа организација отворено да ги поддржи демонстрантите, кои бараат заминување од власта на претседателот Асад. Организацијата Муслимански браќа е забранета во 1982 година, поради обидот да крене востание против тогашниот претседател на Сирија, таткото на Башар – Хафез Асад. Групата којашто себеси се нарекува „Револуција во Сирија 2011“ преку социјалната мрежа Фејсбук постојано повикува на „народно востание“ низ целата земја. Како што се наведува на интернет страницата, цел на оваа група е „постигнување слободата во Сирија“.Од почетокот на протестите илјадници луѓе учествуваат на протестниот марш во различни делови на Сирија, барајќи реформи и изразувајќи солидарност со жителите на градот Дара’а.Протестите во Сирија продолжуваат и покрај ветувањето на владата дека ќе изврши итни економски и политички реформи во земјата. Пакетот мерки усвоен од страна на владејачката партија Баас вклучува итно укинување на законите за политички партии и за медиуми, со кои треба да се обезбеди поголема слобода на изразувањето во Сирија. Прифатените решенија, исто така, предвидуваат построга анти-корупциска политика, зголемување на платите на државните службеници, како и создавање нови работни места.Демонстрантите во Дара’а изминативе седмици извикуваат слогани против Мохар Асад, братот на претседателот, кој е командант на елитната Револуционерна гарда. Тие го повикуваат Мохар да не пука на демонстрантите, туку со своите трупи да ја ослободи висорамнината Голан, која Израел и ја одзема на Сирија во војната во 1967 г.Во Дамаск силите на редот приведоа повеќе десетици демонстранти, кои учествувале во кусите демонстрации. Во градот Хамс, се собраа повеќе стотици демонстранти, кои извикувале „ѕвони ѕвоното на слободата“, слоган кој се користеше при сите демонстрации на Блискиот исток. Во Хамс во 1982 г. сириските сили за безбедност задушија исламистичко востание, при што беа убиени илјадници луѓе.Дара’а е центар на земјоделски регион кој тешко настрада во изминативе неколку години поради се поголемиот недостиг од вода. Исто така, во регионот се пребегнати голем број на жители од источна Сирија, каде што сосема снема вода за пиење и наводнување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

