Свет
Американските тутунски компании го добија спорот со болниците
Тутунската компанија „Филип Морис САД“ и другите големи тутунски компании денеска ја добија парницата покрената по тужбата што против нив ја покренаа 37 болници од сојузната држава Мисури.
Тутунската компанија „Филип Морис САД“ и другите големи тутунски компании денеска ја добија парницата покрената по тужбата што против нив ја покренаа 37 болници од сојузната држава Мисури. Болниците бараа повеќе од 455 милиони долари надомест за лечење на болестите предизвикани од пушењето. „Филип Морис САД“ е една од шесте тужени тутунски компании, пренесува Асошиејтед прес. Болниците тврдеа дека компаниите за производство на цигари произвеле „неоправдано опасен“ производ. Тие бараа надомест за лечење на болните пушачи уште од 1993. година, кои немале осигурување и не го платиле лекувањето. „Поротата се согласи со ’Филип Морис САД’ дека цигарите не се немарно конципирани, ниту, пак, неисправни“, соопшти фирмата по пресудата. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

