Свет
Организација на ОН со храна ќе и помага на Северна Кореја
Организацијата на Обединетите нации (ОН), Светска програма за храна се подготвува да започне вонредна програма, со која ќе испрати храна за 3,5 милиони луѓе во Северна Кореја.
Организацијата на Обединетите нации (ОН), Светска програма за храна се подготвува да започне вонредна програма, со која ќе испрати храна за 3,5 милиони луѓе во Северна Кореја. „Зимата, загубите во земјоделието и недостиг на средства за да се обезбеди снабдување со житарици од увоз, ја направија Демократска Народна Република Кореја исклучитело ранлива кога е во прашање храната“, проценуваат во оваа организација. Од седиштето на Светската програма за храна, во Рим, изјавија дека количините на храна во Северна Кореја кои ги обезбедува владата, можат да задоволат само половина од потребите за храна, поради што некои семејства се приморани да го намалат бројот на дневни оброци. Организацијата најави дека ќе обезбеди житарици и сосотјки кои ќе овозможат локално производство на храна. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

