Свет
Судири меѓу поддржувачите и противниците на Мубарак
Судири меѓу поддржувачи и противници на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак се случија во средата навечер во центарот на Каиро, пренесе Првиот канал на египетската телевизија
Приврзаниците на поранешниот претседател на Египет дошле на плоштадот пред зградата на државната телевизија за да изразат поддршка за роденденот на Хосни Мубарак. Во исто време, на плоштадот Тахрир се собрале неколку стотици противници на поранешниот египетски претседател, барајќи неговата брзо и директно судење. Во доцниtе попладневни часови агресивните демонстранти се упатиле од плоштадот Тахрир кон зградата на Телевизискиот центар, каде и што се случила тепачката. Притоа неколку луѓе беа повредени и се хоспитализирани, пренесува порталот „Ал-Ахрам“. Хосни Мубарак во средата го прослави 83-от роденден. Во моментов тој е под силно обезбедување во меѓународната болница во египетското летувалиште Шарм ел-Шеик, каде што беше хоспитализиран на 12-ти април, поради проблеми со срцето откако му се слоши во текот на испрашувањето од страна на иследниците од Главното обвинителство на Египет. Следниот ден, Канцеларијата на Главниот обвинител издаде одлука за 15-дневен притвор за поранешниот претседател и неговите синови во врска со барањето за отворање истрага за наводите за корупција, злоупотреба на службената должност, неправедно богатење и поттикнувањето на агресија против демонстрантите за време на немирите во јануари и февруари оваа година. По истекот на овие две седмици, притворот за Мубарак и синовите беше продолжен за уште 15 дена./крај/аа/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

