Свет
Обама може да ја напушти Ирска пoрано поради вулканскиот облак
Американскиот претседател Барак Обама може да го скуси престојот во Ирска и да одлета за Велика Британија порано од планираното поради опасноста од затворање на воздушниот простор што се должи на појавата на нов облак од вулканска пепел од Исланд, јавува ирската телевизија RTE
„Многу е веројатно дека Барак Обама ќе ја напушти Ирска денеска навечер наместо утре наутро, Се разработува планот за обезбедување на заминување на претседателот на аеродромот во Даблин околу 19.30 по локално време (20,30 часот по македонско време)“, пренесе ирската телевизија. Засега нема информации дали Обама полетал за Лондон.Првично беше предвидено дека американскиoт претседател и неговата сопруга откако ќе преноќат во Ирска една вечер, а во вторник наутро ќе заминат за Лондон во неговата тридневна официјална посета на Велика Британија. Но, сега овие планови се на преиспитување поради заканата за затворање на воздушниот простор над Ирска и Велика Британија. Претходнo можноста за пореметувања во воздушниот сообраќај во вторник веќе ја најавија британските и ирски воздухопловни власти имајќи ги предвид последиците од ерупцијата на исландскиот вулкамн Гримсвотн.Гренланд делумно го затвори својот воздушен простор во попладневните часови во понеделникот поради ерупцијата на вулканот Гримсвотн на Исланд, јави AFP повикувајќи се на претставник на управата на воздушниот сообраќај на Данска „Naviair“ Хеле Когсбел .Чадот од вулканот Гримсвотн на југо-исток од Исланд, кој започна еруптира во саботата, во неделата достигна височина од 20 километри. Воздушниот простор над Исланд беше привремено затворен а сите домашни летови откажани. Трансатлантските летови до Исланд се пренасочуваат кон другите, неисландски аеродроми. Претходно, метеоролошките служби на Исланд објавија дека ветрот ја носи вулканската пепел кон Гренланд. Според Хеле Когсбел кој ги застапува интересите на данската урпава за воздушен сообраќај „Naviair“, воздушниот простор ќе биде затворена во 14.00 по локално време (14.00 часот по македонско време).„Станува збор за воздушниот простор на височина до шест илјади метри северно од Кулусук, југо-источно од островот Констабл Поинт (Constable Point) каде воздушниот сообраќај ќе биде забранет поради ширењето на облакот од пепел од ерупцијата на исландски вулкан кон Гренланд“, изјави Когсбел.Преходно беше објавено дека ако ерупцијата го задржи сегашниот интензитет, во вторник вулканската пепел би можела да го достигне северот на Шкотска, а од четврток или петок пепелта да дојде до Франција, Шпанија и Велика Британија. Како што пренесува AFP повикувајќи се на државниот оператор со норвешките аеродроми „Avinor“, поради ерупција Гримсвотн има мали проблеми во авиосообраќајот. Како што е најавено, во понеделник ќе бидат прекинати летовите меѓу континентална Норвешка и архипелагот Свалбард. „Облакот со пепел ќе биде над водите меѓу континентална Норвешка и Свалбард. Денешните летови до Свалбард и од него ќе бидат откажани. Постои извесна оапсност дека западниот дел на Норвешка ќе биде зафатен од облакот, но сепак е премногу рано тоа да се каже со сигурност..“, го цитира агенцијата претставникот на „Avinor“, Ове Нарвесен. Имајќи го предвид она што се случи над Европа кога еруптирашѓе исто така исландскиот вулкан Еијафјатлаијокудл , на европскиот континет веќе започнаа превентивните подготовки. Така, државниот секретар за транспорт на Франција, Тиери Мариани во понеделникот изјави дека ако облакот од пепел од вулканската ерупција во Исланд достигне до Европа, летовите на небото над регионот ќе бидат откажани. „Со точност може само да се каже дека доколку во текот на денот облакот од вулканска пепел дојде до Европа, летовите ќе бидат откажани. Доколку пепелта нема да претставува опасност, ние ќе ги подигнеме авионите. Доколку, пак, облакот од пепел претставува опасност, авионтие нема да полетаат“, ги цитира AFP (Agence France-Presse) зборови Тиери Мариани.Вулканот Гримсвотен во областа Ватнајоекула, во југо-источен Исланд, се активираше во саботата. Тој е најактивниот исландски вулкан кој во периодот мешу 1922 и 2004 година деветпати еруптирал.Ерупцијата на исландскиот вулкан Еијафјатлаијокудл во април 2010 година, предизвика хаос во авионскито сообраќај на целата територија на Европа. Вулканот кој не беше активен од 19-от век проработе на 20 март и веќе на 14 април 2010 г. почна да се исфрли на голема височина огромно количество пепел. Поради проширување на вулканскиот облак над европскиот континент, службите за безбедност во авиосообраќајот одлучија да го затвори воздушниот простор над многу области. Воздушниот сообраќај над Европа беше буквално парализирани и во чекалниците на аеродромите беа заглавени десетици илјадници патници од целиот свет кои очекуваа промена во насока на ветерот. Вулканската ерупција заврши на 23 мај а најмногу од сè страдаше туризмот. Зедничките загуби на европските туристички компании се проценуваат на 2,3 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Зеленски нуди помош против иранските дронови: „Нашето искуство е незаменливо“
Ширењето на војната на Блискиот Исток ја истакнува важноста на украинската експертиза во противвоздушната одбрана, особено во соборувањето на иранските дронови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.
Зеленски порача дека Киев е подготвен да го сподели своето искуство со сојузниците кои ѝ помогнале на Украина, наведувајќи дека тоа во новонастанатата ситуација станало „во голема мера незаменливо“, пишува „Киев Индипендент“.
Europe must finally equip itself with real strength, real ability to defend its skies, its land, and its sea against any type of attack. In particular, this means building sufficient air defense production capacity — both against drones and against ballistic missiles.
The… pic.twitter.com/R3EBHTyz7N
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 1, 2026
Коментарите на украинскиот претседател уследија ден откако САД и Израел извршија напади врз Иран, во кои беа убиени врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи и неколку други високи функционери. Иран возврати со лансирање ракети и дронови врз Израел и врз американски воени цели во Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Бахреин, Кувајт и Катар.
Зеленски веднаш по почетокот на нападите ги поддржа нападите и соборувањето на иранското раководство, потсетувајќи дека Русија, стратешки партнер на Иран, од 2022 година во нападите врз Украина употребила повеќе од 57.000 дронови од типот „Шахед“. Искуството што Украина го стекнала во одбраната од оружје од иранско производство, според него, сега може да им послужи на сојузниците.
„Ситуацијата на Блискиот Исток покажува колку е тешко да се обезбеди стопроцентна заштита од ракети и шахеди… Сите сега гледаат дека нашето искуство во одбраната е во голема мера незаменливо“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина „внимателно го следи“ развојот на настаните и се координира со сојузниците.
Фото: Depositphotos
Свет
Трамп: Разочаран сум од Стармер
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за напади врз Иран, пренесе „Телеграф“.
Според извештајот, Обединетото Кралство првично одбило да дозволи користење на своите бази за воздушни напади, но Стармер во неделата навечер соопштил дека го прифаќа американското барање за нивна употреба во одбранбени напади врз ирански цели.
Трамп оценил дека на Стармер му требало предолго да се предомисли и додал дека ваква ситуација веројатно никогаш досега не се случила меѓу двете земји.
Стармер изјавил дека Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран и дека нема да им се придружи, но посочил дека поради, како што рекол, „иранската стратегија на спалена земја“, Лондон ја поддржува колективната самоодбрана на своите сојузници и своите граѓани во регионот.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos

