Свет
Бројот на жртвите од земјотресот во Јапонија надмина 15.200 луѓе
Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес и цунамито во североисточниот дел на Јапонија од 11 март, како и во серијата силни земјотреси што следеа во почетокот на април достигна 15.202 луѓе, пренесува телевизија NHK
Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес и цунамито во североисточниот дел на Јапонија од 11 март, како и во серијата силни земјотреси што следеа во почетокот на април достигна 15.202 луѓе, пренесува телевизија NHK, повикувајќи се на полициската управа на Јапонија којашто ги соопштува официјалните податоци од несреќата .Претходната бројка на жртвите од природната катастрофа изнесуваше 15.057 луѓе. Во шест јапонски префектури како исчезнати се регистрирани околу 8.720 луѓе. Најголем број од жртвите се регистрирани во префектурата Мијаги – 9.083, Во префектурата Ивате – 4.470, во Фукушима повеќе од 1.580 луѓе. Во околу 2.400 привремени засолништа во 18 префектури во Јапонија се згрижени 116 илјади луѓе. Земјотресот со магнитуда од 9.0 степени по Рихтер на 11 март ја погоди североисточна Јапонија, предизвикувајќи цунами со височина на места и повеќе од десет метри. Според Институтот за географија на Јапонија, цунамито поплави вкупна површина од 561 квадратни километри, што одговара на 90 отсто од 230е засебни реони кои го сочинуваат јадрото на престолнината Токио. Повеќе од половина од поплавените површина – 327 квадратни милји се во префектурата Мијаги. Предизвикано од катастрофалниот земјотрес цунамито во морето повлече 247 бродови, бродчиња и други пловни објекти. Повеќето од уништените од цунамито и повлечени во океанските води пловни средства се мали рибарски бродови и чамци.Целосно уништени се 19.814 објекти, од кои дури 12.400 објекти се срамнети со земјата само во префектурата Ивате. Во морето се потопени 1.165 илјади домови а целосно се опожарени 148 објекти. Како резултат на афтер-шоковите оштетени се повеќе од 151 илјади згради.Според Институтот за географија на Јапонија, полуостровот Осика северо-источно од главниот јапонски остров Хоншу од земјотресот се измести 5,3 метри во југо-источна насока и пропадна за 1,2 метри Разорниот земјотрес предизвика и повеќе несреќи на нуклеарната централа „Фукушима -1“ каде од употреба излезе системот за ладење на реакторите. Како резултат на инциденти во нуклеарната централа беа регистрирани неколку протекувања на радијација, што ги принуди јапонските власти да забранат прелети на авиони во радиус од 30 километри и за истата површина на копното е прогласена целосна евакуација на населениетоСпоред сеизмолозите, повторени земјотреси со магнитуда од 5, степени по Рихтер и повеќе може да продолжи низ целиот остров Хоншу најмалку уште неколку месеци. /крај/нхк/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

