Свет
Јемен го бомбардираше градот Зинџибар
Јеменско воено воздухопловство во понеделникот го бомбардираше градот Зинџибар во јужниот дел на земјата кој беше заземен од екстремните милитанти поврзани со терористичката група Ал Каеда, пренесува Reuters цитирајќи локални жители.
Јеменско воено воздухопловство во понеделникот го бомбардираше градот Зинџибар во јужниот дел на земјата кој беше заземен од екстремните милитанти поврзани со терористичката група Ал Каеда, пренесува Reuters цитирајќи локални жители. Според жителите на Зинџибар, при воздушните напади под интензивен артилериски оган биле повеќе градски населби. Претходно во понеделникот претставници на властите во Јемен изјавија дека ноќта кон понеделник во заседа паднал воен конвој. Притоа загинале најмалку четири војници, меѓу кои и полковник од единицата којашто била упатена да ги истисне од градот бунтовниците коишто го контролираат Зинџибар..Според западните медиуми, во текот на продолжението на борбите во понеделникот ноќта, единиците на владините сили во Зинџибар убиле четворица бунтовници а десетина биле ранети. Бунтовнците потврдија дека загинале двајца нивни борци.Во петокот навечер околу 200 вооружени лица влегле во Зинџибар – административен центар на провинцијата Абијан и ги нападнале владините трупи. Според локални жители, меѓу милитантите и армијата почна жестока битка, а напаѓачите притоа ослободиле десетици затвореници од централниот затвор во градот. Според очевидци, во судирите во петокот загинале најмалку 17 војници еден цивил.Анти-владините демонстрации со кои се бара оставка на претседателот Али Абдула Салех, кој е на власт повеќе од 30 години, почнаа во Јемен од почетокот на февруари. Припадниците на владините специјални единици употребија оружје за да ги растераат антивладините демонстранти. Според западните медиуми, во текот на немири во земјата загинале повеќе од 140 луѓе./крај/ро/сн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.