Контакт

Свет

СЗО: Мобилните предизвикуваат рак

Објавено пред

Експертите на Светската здравствена организација (СЗО), оценија дека мобилните телефони „можат да бидат канцерогени“

dobivaj vesti na viber

Експертите на Светската здравствена организација (СЗО), оценија дека мобилните телефони „можат да бидат канцерогени“. Нивото на  опасноста од заболувања од рак предизвикани од мобилните телефони ја ставаат во категоријата 2Б.Со ставањето на мобилните телефони во групата на 2Б, тие и се придружуваат на стаклената волна или бензинските испарувања.Со ова опасноста од можно заболување од рак предизвикано од мобилните телефони за прв пат е посочено од страна на СЗО и тоа ќе доведе до подолготрајни епидемиолошки студии, кои ќе ги опфатат новите интензивни корисници на мобилните телефони од новите генерации.„Доказите, кои продолжуваат да се собираат, се доволно силни за да се оправда нивната класификација во категоријата 2Б“, изјави Џонатан Самет, претседателот на работната група на СЗО.Експертите на СЗО ги проучија сите досегашни студии за ризиците од рак предизвикан од мобилните телефони, односно од „електромагнетните полиња на радиофеквенциите“. Овие епидемиолошки студии покажуваат дека постои зголемување на ризикот од глиом, редок вид на рак на мозокот или други тумори.Советот и препораката од СЗО е до корисниците на мобилните телефони да преземат практични превентивни мерки, како користење на слушалки и испраќање на СМС, кои го намалуваат зрачењето за десет пати.Повеќе невладини организации веќе подолго време предупредуваат на опасностите од мобилните телефони.„Започнувајќи од денес, никој повеќе не може да каже дека ризикот не постои. И секој на свое ниво – политичарите, операторите, работодавачите, корисниците, родителите… сите треба да водат сметка„, нагласува Жанин Ле Калвез од невладината организација „Приартем“.Француските телефонските оператори, од своја страна оценија дека со изборот на СЗО да ги стави мобилните телефони во категоријата 2Б не е докажана поврзаноста на користењето на мобилните телефони и можните заболувања од рак./крај/пд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Обвинетиот за убиството на Сара во Италија пронајден мртов во затвор

Објавено пред

Стефано Аргентино (27), кој беше во затвор поради обвинение за убиство на студентката Сара Кампанеле (22) во Италија, е пронајден мртов во затворот во Месина.

dobivaj vesti na viber

Младиот човек, кој беше обвинет дека ја избодел Сара до смрт на 31 март оваа година, наводно извршил самоубиство. Тој бил пронајден обесен.

Според италијанските медиуми, Аргентино и претходно покажувал суицидни намери и поради тоа бил ставен под строг надзор. Сепак, неодамна бил вратен во ќелија со двајца цимери и повторно почнал да јаде, што било протолкувано како знак дека неговата состојба се стабилизирала.

Според извори од синдикатот на затворската полиција, тој бил отстранет од надзорот пред 15 дена.

Самоубиството се случило околу 17 часот, откако младиот човек се оддалечил од своите цимери. Обидите за спасување не биле успешни.

Првото судење за убиството на Сара Кампанеле, кое го шокираше италијанското јавно мислење, е закажано за 10 септември.

Сара Кампанеле, колешка на Аргентино од факултет, беше избодена. Тој беше уапсен истата вечер откако ја уби. Карабињерите го следеле и го уапсиле, а тој го признал убиството.

Изјавил пред обвинителите дека ѝ пришол на денот на злосторството за да ја праша за операцијата што ја имала и зошто не му одговорила на пораката што ѝ ја испратил во јануари. Сара, која Аргентино ја следел две години, штотуку излегла од предавање и сфатила дека е следена.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството на домашно оружје на фронтот, дигитализација, намалување на бирократијата, како и решавање на персоналните прашања во украинските вооружени сили.

dobivaj vesti na viber

„Во регионот Суми беше поднесен извештај од министерот за одбрана Денис Шмихал за реформата на министерството. Првиот приоритет се однесува на максимален број нарачки од украинските производители, со цел 50 проценти од оружјето на фронтот да биде од наша продукција“, истакна Зеленски во своето синоќешно видео-обраќање.

Тој исто така ја нагласи потребата од развој на дигитални услуги и сите системи, вклучително и системот „Делта“. Според зборовите на Зеленски, неопходно е и намалување на бирократијата и воспоставување јасна комуникација со бригадите и единиците во врска со нивните потреби.

„На петтото место е целиот комплекс прашања поврзани со персоналот. Сите сме запознаени со овој проблем. Министерството за одбрана, заедно со армијата, мора да го реши тоа“, порача тој, пренесе агенцијата Укринформ.

Претседателот на Украина, за време на посетата на регионот Суми, одржа состанок со врховниот командант на армијата, Олександр Сирски, министерот за одбрана Шмихал и командантот на воздухопловните сили, Олег Апостол. Зеленски, по повод годишнината од почетокот на операцијата во регионот Курск, се сретна во Суми и со војниците од 225. јуришен полк, пренесе украинската агенција.

Прикажи повеќе...

Свет

Обид за ангажирање платен убиец: Маж планирал атентат врз Орбан

Објавено пред

Спречен е маж поради наводно планирање заговор за атентат врз унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави синоќа Националното истражно биро на земјата.

dobivaj vesti na viber

Унгарската полиција соопшти дека мажот се регистрирал на веб-страница хостирана на сервер во странство со цел да пронајде лице кое е подготвено да го убие Орбан за парична награда, објави МТИ.

Тој наводно објавил на веб-страница во јули 2025 година дека е подготвен да плати за „најдобриот платен убиец“ подготвен да го убие унгарскиот премиер Виктор Орбан, се вели во соопштението на Националното истражно биро.

Човекот кој беше идентификуван со помош на Унгарските антитерористички сили (ТЕК) по апсењето, го призна злосторството за кое е обвинет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија1 час

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија е 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет3 часа

Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот...

Свет3 часа

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние кои сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Свет4 часа

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија13 часа

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ14 часа

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија15 часа

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ17 часа

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија21 час

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија22 часа

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија1 ден

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба, во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија1 ден

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет1 ден

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет1 ден

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот, која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...

Свет1 ден

Трамп именува наследник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес посочи дека потпретседателот Џ. Д. Венс би можел да биде неговиот најверојатен...

Регион1 ден

Српскиот министер, кој доживеа мозочен удар во емисија, е свесен, но сè уште во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по операцијата поради мозочен удар и е свесен, но има...

Топ2 дена

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ2 дена

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...