Свет
Бразил одобри градење на спорна брана во Амазон
И покрај кампањата на организацијата за заштита на околината и протестите на домашното индијанско население, Бразил издаде конечно одобрение за почетокот на градбата на контроверзната брана во регионот Амазон.
И покрај кампањата на организацијата за заштита на околината и протестите на домашното индијанско население, Бразил издаде конечно одобрение за почетокот на градбата на контроверзната брана во регионот Амазон.Станува збор за големата хидроцентрала Бело Монте којашто ќе биде трета по големина во светот.„Бразилскиот институт за околина (IBAMA) му издаде на конзорциумот на компанијата ’Норте Енерџи’ официјална лиценца со којашто се одобрува градењето на хидроцентралата Бело Монте на реката Ксингу во Амазон чија сила ќе биде 11233 мегавати“, соопшти во средата владиното тело задолжено за оваа проблематика. Индијанските заедници во овој регион, зелените и Католичката црква пред повеќе од една година покренаа кампања против градењето на оваа хидроцентрала со којашто ќе се поплават 500 квадратни километри почва крај реката Ксингу, во западната амазонска држава Паре и според официјалните податоци ќе принуди на иселување над 16 илјади луѓе.Нивната борба ја популаризираа ѕвезди како што се канадскиот режисер на филмот „Аватар““, Џејмс Камерон, кој повеќепати доаѓаше во Бразил за да се придружи на отпорот на домородците и бараше од тогашниот претседател Лиус Инасио Лула да Силва „да биде херој и да го запре проектот“.„Тоа се криминални работи со кои ќе се уништи голем дел од шумата, кои влијаат врз животот на повеќе десетина илјади луѓе и коишто ќе ја пресушат реката Ксингу од кои зависат пет индијански села“ изјави Антониа Мело, лидерка на движењето „Ксингу живее засекогаш“.Бело Монте ќе ја гарантира енергетската сигурност и безбедност на Бразил, произведувајќи “10 отсто од електричната енергија во земјата, изјави во средата бразилскиот министер за енергетика, Едсон Лобао, кој го најави проектот за одржлив развој на регионот. Хидроцентралата Бело Монте чиешто градење ќе чини 11 милијарди долари, ќе биде трета по големина хидроцентрала во светот, по Трите кањони во Кина (18 илјади мегавати) и Итапуа (14 илјади мегавати) на границата меѓу Бразил и Парагвај./крај/ афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

