Свет
Случајот Дугард: за киднаперот 431 година затвор
Осудениот сексуален престапник и неговата сопруга денеска од судот во Плејсервил, Калифорнија, беа осудени на доживотни затворски казни поради силување и киднапирање на Џејси Дугард кога таа имала 11 години и која ја држеле во заробеништво цели 20 години
Осудениот сексуален престапник и неговата сопруга денеска од судот во Плејсервил, Калифорнија, беа осудени на доживотни затворски казни поради силување и киднапирање на Џејси Дугард кога таа имала 11 години и која ја држеле во заробеништво цели 20 годиниФилип Гаридо (60) е осуден на 431 година до доживотен затвор, откако пред судот се изјасни за виновен за киднапирање и сексуално злоупотребување. Обвинителот на округот Ел Дорадо, Верн Пирсон, Геридо го опиша како „сексуален грабливец кој и го украл детството и невиноста на 11-годишно девојче“. Сопругата на Гаридо, Ненси (55) , која исто така ја призна вината, доби казна затвор од 36 години.Пред на сопружниците да им ја соопшти казната, мајката на жртвата, Тери Пробин, ја прочита изјавата на сега 31-годишната Џејси, во која таа ја опишала својата речиси 20-годишна голгота со Гаридо.По киднапирањето во градот Саут Лејк Тахо во калифорнија во 1991 година, Дугард била затворена во скриен дворишен комплекс од шупи и шатори, кои подоцна ги делела со двете ќерки, на кој татко им бил Филип Гаридо. Во нејзиниот киднапирање учествувале и двајцата сопружници. Ненси Гаридо го грабнала девојчето улицата каде што живеело нејзиното семејство и ја присилила да влезе во автомобилот. Парот ја држел Дугард затворена во својата куќа во градот Антиохија. Дугард во 2010 година доби 20 милиони долари отштета во спогодбата со државата калифорнија, според која функционерите ги признаа грешките на агентите надлежни за надзор на условната казна на Гаридо. Калифорнија по овој случај го засили следењето на сексуалните престапници. Дугард и нејзините ќерки беа откриени во 2009 година. Нејзините мемоари ќе бидат објавени идниот месец. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.