Свет
Еден тон кокаин запленет во Аргентина
Аргентинската погранична полиција, во близина на границата со Боливија, заплени еден тон кокаин. Во акцијата се уапсени тројца луѓе од кои двајца се полицајци. Министерката за безбедност на Аргентина, Нилда Гаре, соопшти дека вредноста на запленетиот кокаин изнесува околу 10 милиони долари.
Аргентинската погранична полиција, во близина на границата со Боливија, заплени еден тон кокаин. Во акцијата се уапсени тројца луѓе од кои двајца се полицајци. Министерката за безбедност на Аргентина, Нилда Гаре, соопшти дека вредноста на запленетиот кокаин изнесува околу 10 милиони долари. Властите во Аргентина во петокот запленија 444 килограми кокаин и оружје на една луксузна јахта која под американско знаме впловила во пристаништето во Буенос Аирес. Неодамна во Аргентина беа уапсени двајца државјани на Колумбија, од кои еден е обвинет за криумчарење на течен кокаин, додека вториот властите во САД го обвинија за шверц на осум тони на кокаин кои беа пронајдени на подморница. Аргентина се наоѓа на вообичаената траса на криумчарите на дрога, од Колумбија, Боливија и Перу каде дрогата се произведува и потоа се транспортира до европските земји, каде според податоците на Обединетите нации речиси три отсто од популацијата помеѓу 15 и 65 години конзумира кокаин. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

