Свет
Одложена средбата на либиските претставници во Рим
„Големото собрание“ на сите племенски водачи и претставниците на цивилното општество во Либија кој кон крајот на седмицава требаше да се одржи во Рим, е одложено на неодредено време соопшти денеска италијанското министерство за надворешни работи.
„Големото собрание“ на сите племенски водачи и претставниците на цивилното општество во Либија кој кон крајот на седмицава требаше да се одржи во Рим, е одложено на неодредено време соопшти денеска италијанското министерство за надворешни работи. „Ние разговараме токму за датумите. Тоа, во секој случај, нема да се случи оваа седмица“, изјави портпаролот на италијанското министерство за надворешни работи за АФП.На собирот којшто го организираат противниците на полковникот Моамер ел-Гадафи, требаше да биде застапено „либиското општество во целина“.Шефот на италијанската дипломатија Франко Фратини минатата седмица најави дека собирот треба да се одржи во четврток. „Меѓу 200 и 300 луѓе ќе учествуваат на овој состанок и навистина ќе ја претставуваат цела Либија“, рече тогаш Фратини:Италија поранешна колонијална сила и потоа близок сојузник на Либија, има важна улога во операциите на НАТО во оваа земја, имајќи предвид дека ги отстапи своите воздухопловни бази за воздухопловите на меѓународната коалиција и ги стави на располагање на Алијансата своите ескадрили ловци и повеќе воени бродови./крај/афп/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

