Свет
Русија тестираше ракета со домет од 8.000 километри

Руската морнарица денеска, од нуклеарна подморница од новата генерација, изврши успешно тестирање на напредната балистичка ракета „булава“, која има домет од 8.000 километри.
Руската морнарица денеска, од нуклеарна подморница од новата генерација, изврши успешно тестирање на напредната балистичка ракета „булава“, која има домет од 8.000 километри. Проектилот „булава“ е лансиран од подморницата „Јуриј Долгоруки“ во Белото море, кое ги раздвојува Скандинавија и Русија, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков. Тој дополни дека боевата глава на ракетата досегнала до областа на северна Камчатка, која Русија ја користи за тестирање на балистички ракети, областа, од местото на лансирањето е оддалечена 5.500 километри.„Булава“ е хиперсонична интерконтинентална ракета со боеви глави кои можат да ја пробијат секоја потенцијална ракетна одбрана и имаат домет од 8.000 километри. Таа може да носи од шест до десет нуклеарни боеви глави. Ова е прв успешен тест на „булава“, по серијата неуспешни обиди, кои во прашање го доведоа најскапиот воен проект на Москва во пост советскиот период. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Голем прекин на струја на Бали

Островот Бали во Индонезија, популарна туристичка дестинација, е погоден од голем прекин на електричната енергија што доведе до застој на островот, само неколку дена по масовното затемнување што ги погоди Шпанија и Португалија, објавија светските медиуми.
Островот денеска околу 16 часот остана без струја. по локално време, а причината, според државната енергетска компанија Perusahaan Listrik Negara (PLN), е дефект на подморските кабли кои го поврзуваат Бали со островот Јава. PLN во соопштението наведе дека проблемите со подморските кабли предизвикале прекини во работата на локалните електрани.
Current situation in Bali:
Complete power outage across the island due to a major electricity issue.
Stay calm and safe everyone updates as soon as we hear more.
Island life isn’t always sunshine, but we’re in this together!
#blackoutbali pic.twitter.com/7Hs7wpHIsW— Biba Belhadj (@SabrinaBelhadj4) May 2, 2025
„Во моментов се соочуваме со прекин на електричната енергија и искрено се извинуваме за непријатностите што ги предизвика“, се вели во соопштението.
„Дел од просторот веќе доби струја, додека во други реставрацијата се уште е во тек“.
Компанијата им се заблагодари на граѓаните за трпението и додаде: „ЗЛН моментално работи на отстранување на прекинот. Првичните индикации укажуваат на дефект во термоелектраната Селукан Баванг, единица број 2, што предизвика прекин на електричната енергија во делови на Бали“.
Според последните информации, снабдувањето со електрична енергија е вратено на околу 43 отсто од островот, а од компанијата велат дека редовно ќе ја информираат јавноста за напредокот. „Ви благодариме за поддршката и молитвите“, рече ПЛН.
Свет
Силен земјотрес во Аргентина, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала погоди област на околу 200 километри од Ушуаја, најјужниот град во Аргентина, објави Американскиот геолошки институт (USGS).
Епицентарот на земјотресот бил на 219 километри од брегот во преминот Дрејк на длабочина од десет километри.
Преминот Дрејк е морски пат помеѓу најјужната точка на Јужна Америка и Антарктикот.
Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за цунами.
Агенцијата за управување со катастрофи во земјата издаде предупредување за дел од оддалечениот регион Магаланес, на јужниот дел на Чиле.
Предупредување за опасни бранови има и во пораката на американскиот Систем за предупредување од цунами и е на сила за крајбрежната област на 300 километри од епицентарот на земјотресот – вклучувајќи ги јужните делови на Аргентина и Чиле.
Свет
Черевко: Луѓето во Газа меѓусебно се убиваат, немаат вода

Борбите избувнуваат во Газа бидејќи резервите храна речиси се потрошени, изјави денес официјален претставник на Обединетите нации, а целосната блокада на резервите на Газа од страна на Израел трае веќе 60 дена. Од 2 март Израел целосно ги прекина снабдувањата за 2,3 милиона жители на Појасот Газа, а резервите храна складирани за време на прекинот на огнот на почетокот на годината речиси исчезнаа.
Тоа е најдолгата блокада со која се соочил Појасот Газа досега. Палестинските жители и претставниците на хуманитарните организации изјавија дека завчера во енклавата се случиле најмалку пет грабежи. Олга Черевко, хуманитарен работник во хуманитарната канцеларија на ОН (OCHA) во Газа, изјави дека насилството во заедницата во врска со снабдувањето се интензивирало.
Таа им изјави на новинарите дека денес била сведок на една таква борба. „Резервите се намалуваат додека беснее војната, резервите храна сега во голема мера се исчезнати“, изјави таа на прес-конференција во Женева преку видеоврска. „Пристапот до вода стана невозможен. Всушност, додека ви зборувам, токму овде долу, пред оваа зграда, луѓето се борат за вода. Камион за вода штотуку пристигна и луѓето се убиваат меѓусебно за вода“, рече таа.
Некои хуманитарни групи велат дека веќе им снемало резерви храна во изминатата недела и дека народните кујни се во опасност од затворање. Црвениот крст соопшти дека хуманитарниот одговор во Газа е на работ на целосен колапс.
Израел претходно негира дека Газа се соочува со криза со глад и тврдеше дека сè уште има доволно помош за да го издржи населението. Черевко рече дека гладните луѓе пребаруваат во купиштата ѓубре барајќи нешто што би им помогнало да преживеат. „Гледам деца и гледам постари луѓе како пребаруваат во овие купишта ѓубре не само барајќи нешто за горење туку и нешто за јадење секој ден“, рече таа.