Контакт

Свет

Авганистанскиот претседател Карзаи присуствуваше на погребот на убиениот брат

Објавено пред

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи липтал и го бакнувал лицето на својот мртво полубрат во присуство на илјадници сонародници присутни на погребот на Ахмед Вали Карзаи во средата, пренесуваат локалните медиуми

dobivaj vesti na viber

Ахмед Вали Карзаи еден од најмоќните и најконтроверзни личности во немирниот авганистански југ, претседател на провинцискиот Совет на Народните претставници на провинцијата Кандахар, во вторникот во дворот од неговата куќа беше убиен од шефот на неговото лично обезбедување и долгогодишниот семеен телохранител, претседател на провинцискиот Совет на Народните претставници на провинцијата Кандахар, Мохамад Сардар.Сардар го застрелал Ахмед Вали Карзаи од автомат „калашников“. Два куршума го погодиле полубратот на претседателот Хамид Карзаи во градите и во стомакот. Убиецот веднаш бил застрелан од страна на другите телохранители на Вали Карзаи.Претставникот на талибаните, Јусуф Ахмади веднаш по убиството за AFP изјави дека талибаните ја преземаат одговорноста за атентатот. Ахмади додаде дека талибаните неодамна го задолжиле својот припадник Мохамад Сардар да го убие Ахмад Вали Карзаи.И покрај тоа што талибаните ја преземаа одговорноста за ликвидацијата на Вали Карзаи, авганистанските власти сé уште не се сигурни дека ова радикални исламистичко движење е инволвирано во неговата егзекуција. Претседателот Хамид Карзаи кој во Кандахар долета само неколку часа по убиството, денеска ја предводел погребната поворка од неколку илјади луѓе кои под извонредно високи мерки на обезбедување се движела низ центарот на градот до Карза, селото од кое потекнува племето Карзаи, оддалечено дваесеттина километри. Претседателот на Авганситан биле опкружен со членовите на семејството и некои од највлијателните авганистански челници, меѓу кои бил Ѓул Агу Шерзаи, актуелен гувернер на покраината Нангахар, кој се споменува како еден од најизвесните наследници на неофицијалната титула што ја носеше Вали Карзаи – владетел на јужен Авганистан. Како што пренесуваат авганистанските медиуми, претседателот Карзаи клекнал покраj гробот на својот брат држејќи ја неговата рака гушејќи се во солзи, сé додека не го подигнале неговите соработници, предупредувајќи го дека телевизиските камери го снимаат секое негово движење. Моќта на Вали Карзаи не доаѓаше од неговата формална позиција на претседател на провинцискиот Совет на Народните претставници на провинцијата Кандахар, кое според уставот има многу ограничено влијание, туку потекнуваше од неговите племенски и семејни врски и богатството што го поседуваше. Тој беше обвинуван за трговија со опиум, заплашување на ривалите и добрите односи со американската ЦИА, што порано беше демантирано од двајцата браќа. Според западните аналитичари, неговото убиство остава голема празнина на авганистанскиот југ каде власта главно се распоредува според племенските поврзаности и го отвора проблематичното прашање на неговиот наследник.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Остин: Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Објавено пред

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да ја прекине испораката на муниција за Израел е донесена поради израелските планови да изврши офанзива врз градот Рафах на југот на Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

„Од самиот почеток бевме многу јасни дека Израел не треба да започне голема офанзива во Рафах без да ја земе предвид заштитата на цивилите во областа. Откако ја преиспитавме ситуацијата, престанавме да испраќаме муниција во Израел“, рече тој на сослушувањето во Сенатот и потврди дека конечната одлука „што ќе се случи со таа пратка“ се уште не е донесена, пренесува Ројтерс.

Администрацијата на САД ја запре испораката на околу 3.500 бомби во Израел минатата недела поради загриженоста за најавената копнена офанзива на Рафах, објави претходно денеска Асошиејтед прес, повикувајќи се на неименуван претставник од администрацијата.

Овој функционер појаснил дека не е донесена конечна одлука за испораката на бомбите и дека во суспендираната пратка имало 1.800 бомби од по 900 килограми и 1.700 бомби со тежина од 226 килограми.

Во понеделникот, израелскиот воен кабинет одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафах за да „изведе воен притисок врз Хамас“, и покрај претходната најава на Хамас дека се согласува со египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот.

Прикажи повеќе...

Европа

Намалениот број на станови доведе до раст на кириите во Германија

Објавено пред

Растат кириите во Германија поради немањето станови во услови на високи градежни трошоци и кредити. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но и ги намали цените на квадратот, се вели во извештајот на здружението на банките.

dobivaj vesti na viber

Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во однос на истиот период лани, објави здружението на германските банки„Pfandbrief“.

Цените за изнајмување на нови станови се зголемени за 5,6 отсто. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.

„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на здружението, Јенс Толкмит.

Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.

Според податоците на здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.

Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на закупнината, кој би можел да продолжи уште некое време.

Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.

Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.

Проценките се базираат на податоци за работењето на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, забележуваат тие во здружението.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Објавено пред

Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.

dobivaj vesti na viber

Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.

Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.

Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.

„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија2 часа

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија2 часа

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија2 часа

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија4 часа

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија4 часа

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија4 часа

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија5 часа

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија5 часа

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија6 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...

Македонија6 часа

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија6 часа

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија6 часа

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија6 часа

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија7 часа

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија8 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија9 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија12 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...