Свет
САД го признаа Преодниот национален совет на Либија
Соединетите американски држави во петокот го признаа бунтовничкиот Преоден национален совет (TCN) како леглана либиска влада, што треба да претставува дипломатски поттик со кој ќе се ослободат милијарди долари замрзнати средства на режимот на либискиот лидер полковникот Моамер ел-Гадафи
Американската државана секретарка Хилари Клинтон изјави дека САД официјално го признаваат Преодниот национален совет, како равен и легитимен наследник на режимот на Моамер ел-Гадафи, до воспоставувањето на вистинската либиска преодна влада.„До формирањето на преодните власти, САД ќе го признаваат Привремениот национален совет како законско владејачко тело во Либија и кон него ќе се однесуваат во согласност со тоа“, изјави државната секретарка на САД, Хилари Клинтон,Пред САД, Привремениот национален совет во Бенгази го признаа членките на Контактната група, кои им се придружија на Франција, Велика Британија, Италија, Катар и уште дваесетина држави од цел свет кои претходна во различни форми ја признаа легитимноста на Преодниот национален совет. Како што пренесуваат светските агенции, според денешната изјава на Клинтон, денешните признавања се последица на гаранциите што ги понудиле бунтовниците. „Преодниот национален совет денеска понуди многу важни гаранции, меѓу другото го даде и ветувањето дека ќе ги продолжи започнатите демократски реформи, и тоа и на географски и на политички план“, изјави Клинтон пред новинарите во Истанбул, каде што престојуваше на состанока на Контакт групата за Либија.„САД се импресионирани со напредокот што го оствари Преодниот национален совет, а тоа дополнително го засилува нашето уверување дека станува збор за добар соговорник“, рече Клинот . Американската државна секретарка во петокот попладне во Истанбул се состана и со Махмуд Џибрил, вториот човек во хиерархијата на Привремениот национален совет на Либија чие седиште е во вториот по големина либиски град Бенгази. Контактната група којашто ја сочинуваат претставници на 30-ина земји, меѓународни и регионални организации, го избра специјалниот пратеник на Обединетите нации, Абдул Елах ал-Хатиба на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи да му ги изнесе условите за неговото заминување од власта по повеќе од 40 години, во рамките на политичките мерки кои предвидуваат и запирање на судирите во Либија. Покрај тоа, Хилари Клинтон во Истанбул изјави и дека секој договор мора да содржи и одредби за заминувањето на Гадафи од власта, бидејќи и либискиот народ, како сите други, знае дека повеќе не е важно прашањето дали Гадафи ќе замине од власта, туку која ќе се случи тоа Признавањето на либискиот Преоден национален совет во Бенгази од страна на САД, се толкува како голем чекор кон одмрзнувањето на либиските средства во Америка во вредност од повеќе од 34 милијарди долари, но, за да може овие средства да му се упатуваат на Советот, сепак треба да се исклучат уште неколку правни пречки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена
Иранската државна телевизија објави дека началникот на Генералштабот на вооружените сили Абдолрахим Мусави е убиен во напади врз Иран.
Тој беше меѓу околу 30 клучни лидери на иранскиот режим и воени команданти за кои се тврди дека биле цел на вчерашните заеднички напади на САД и Израел.
Мусави беше тој што пред пет дена им се закани на САД во име на иранските власти, што е најтешката закана дотогаш.
„Ако овој пат направат грешка, ќе им нанесеме големи загуби, бидејќи нашите вооружени сили се решени да се спротивстават на силата што врши заплашување до самиот крај“, рече Мусави.
Фото: depositphotos
Свет
Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција
Израелската војска соопшти дека почнала широк бран напади врз цели на иранскиот режим во срцето на Техеран, во рамки на операцијата наречена „Рик на лавот“.
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата. Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се „отвори патот кон Техеран“.
Од Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираат дека во последните 24 часа израелски борбени авиони фрлиле повеќе од 1.200 парчиња муниција врз Иран. Според ИДФ, биле погодени стотици ирански воени цели, вклучувајќи лансери на балистички ракети и системи за противвоздушна одбрана.
Во меѓувреме, трет круг сирени за тревога поради проектили се огласил на северот на Израел. Силни детонации биле слушнати и во подрачјето на Ерусалим, но засега нема информации за повредени или материјална штета.
Нови сирени се огласиле во регионот на Ерусалим, како и низ Тел Авив и други градови во централниот дел на земјата, по предупредувања за дојдовен ракетен напад од Иран.
Свет
Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток
Во услови на континуирана размена на ракетни напади на Блискиот Исток, Иран соопшти дека гаѓал во 27 американски воени локации во регионот. Иранската револуционерна гарда наведе дека цел биле и израелската воздухопловна база Тел Ноф, воено седиште и голем одбранбен комплекс во Тел Авив.
Според ИРГЦ, станува збор за шести „бран“ одмазднички напади во кои биле користени ракети и дронови. Гарда порача дека ќе продолжи со воените дејствија, но овие тврдења не се независно потврдени.
„Вооружените сили на Исламската Република Иран нема да дозволат да замолкнат сирените за воздушна опасност на окупираните територии и во американските бази. Ќе продолжиме со повторени и болни удари, што претставува нов и многу тежок чекор на одмазда“, се наведува во соопштението што го пренесуваат државните медиуми ИРИБ.
Фото: depositphotos

